Извештајот на Европол предупредува и на зголемување на другите закани како што е кражбата на податоци, даркнет пазарот, детската порнографија и паричните измами.Уценувачкиот софтвер ги засени сите други облици на кибернетички криминал за 2017-та година во која што е забележан пораст на онлајн криминалот, објави Европол, наведувајќи ги како пример нападите како оној со уценувачкиот софтвер WannaCry кој што зарази милиони компјутери ширум светот.
„Минатата година е исклучителна, со оглед на големината, типот и распонот на напади кои што беа забележани“, изјави директорот на Европол, Роб Вајнрајт за време на претставувањето на годишниот извештај за криминалните закани на интернет.
„Се поголема е софистицираноста во заедницата на кибернетичкиот криминал каде што криминалните групи се здружуваат поради „услуги“ за кибернетички криминал. Сето тоа станува голем мотор за растот на криминалот кој што тежнее кон остварување на илегален профит“, додаде Вајнрајт.
„Уценувачкиот софтвер ги засени другите кибернетички закани, неселективно погодувајќи ги жртвите од различни индустрии и во јавниот и во приватниот сектор“, стои во извештајот на Европол.
Исто така, извештајот предупредува и на јакнење на другите закани како што е кражбата на податоци, даркнет пазарот, детската порнографија и паричните измами.
Роб Вајнрајт изјави дека Европол ќе основа посебен оддел за борба против даркнет пазарот, каде што покрај дрога, се повеќе се продаваат и информации за кредитни картички, што ја погодува малопродажбата, воздушниот сообраќај и туризмот.
Уценувачкиот софтвер ги засени сите други облици на кибернетички криминал за 2017-та година во која што е забележан пораст на онлајн криминалот, об