Ново истражување од Универзитетот во Атланта покажало дека е можно сеќавањата да се пренесуваат од генерација на генерација по пат на ДНК.За време на испитувањето, научниците работеле на глувци и се докажало дека тие можат да поминат низ трауматични искуства на кои подоцна можат да се сеќаваат и наредните генерации.
„Нашите резултати ни дозволуваат да мислиме дека искуствата на родителите, пред зачнувањето на младите, имале големо влијание на стуктурата и функцијата на нервниот систем на наредните генерации“, вели доктор Брајан Дијас, од одсекот за психијатрија од Универзитетот Емори.
„Ваквиот феномен може да допринесе за навлегувањето во трагата на меѓу- генрациските пореметувања како што се фобии, анксиозност и посттравматично стресно пореметување“, додава тој.
Ова сугерира дека искуствата некако можат да се трансформираат од мозокот во геномите, што овозможува тие да се пренесуваат на следните генерации.
Професорот Маркус Пембри, генетичар од Универзитетот во Лондон, рекол дека оваа работа носи „убедливи докази“ за биолошкото пренесување на сеќавањата.
„Тоа се однесува на постојаниот страв кој е релевантен за фобиите и останатите облици на страв, како и контроверзното пренесување на сеќавањата од дамнешните предци на понатамошните генерации. Крајно време е истражувањата за јавно здравје да се позанимаваат со трансгенерациските одговори. Мислам дека нема да можеме да го разбереме растот на невропсихозата, дебелеењето и дијабетесот без мултигенерациски пристап“, рекол тој.
Професор Волф Реик од Кембриџ изјавил дека понатамошната работа е неопходна пред било какво поврзување со луѓето.
„Овие резултати се охрабрувачки поради тоа што сугерираат дека трансгенерациското наследство постои, но повеќе истражувања на животински модели е неопходно пред вредностите да се применат на луѓето.“
Дали и нашата ДНК исто така носи духови сеќавања на нашите предци?За време на испитувањето, научниците работеле на глувци и се докажало дека тие можат да поминат низ трауматични искуства на кои подоцна можат да се



