Времето кога јадеме речиси е подеднакво важно како и што јадеме, ако сакаме да ослабнеме. Секој кој е на диета би требало да знае дека ручекот треба да се јаде во одредено време од денот.Едно шпанско истражување спроведено на 1200 испитаници со прекумерна тежина покажа дека предоцното консумирање на ручек, односно после 15 часот, резултира со помало губење на килограмите. Истражувањето проучувало одреден протеин клучен за согорување на калориите во телото.
Луѓето со специфична варијација на овој протеин изгубиле помалку килограми кога го јаделе ручекот во 15 часот во споредба со луѓето кои го јаделе пред 15 часот. А заради што може ручекот да ни го саботира слабеењето? Научниците објаснуваат дека ритамот, како и чувството на поспаност, го управуваат чувството на глад во телото.
Метаболизмот е индивидуален механизам, а времето на консумирање на храна во однос на овој ритам може да влијае на губењето на тежината. Ако јадете во време кога телото е почувствително на инсулин, маснотиите потешко ќе поминуваат низ телото и потешко ќе ослабнете.
Додека времето во кое јадете ручек може да влијае на линијата, сепак, научниците не пронашле никаква разлика во слабеењето кога го проучувале времето меѓу доручекот и вечерата. Причина за тоа може да биде и фактот што истражувањето е спроведено во Шпанија, а таму речиси половина од дневниот внес на калории луѓето го јадат за ручек.Едно шпанско истражување спроведено на 1200 испитаници со прекумерна тежина покажа дека предоцното консумирање на ручек, односно после 15 часот, ре