Кафулето „Scoopi“ во Дубаи, во рамките на својата понуда го нуди и сладоледот наречен „Црн дијамант“, за кој се смета дека е еден од најскапите сладоледи на светот. Неговата цена изнесува импресивни 817 долари за само една топка.Како и сите останати сладоледи кои се служат во ова кафуле, така и „Црниот дијамант“ е изработен рачно, без ниту една вештачка состојка.Креаторот на овој необичен десерт, индискиот бизнисмен Зубин Доши, тврди дека цената е оправдана кога ќе се земат предвид неговите состојки.
Во него, помеѓу останатото има италијански црни тартуфи, ирански шафран и снегулки од 23-каратно злато кои што можат да се јадат.„Ова е една сосема чудна комбинација. Најскапиот зачин на светот е токму шафранот, најскапата храна е црниот тартуф, а очигледно, најскапиот метал е златото. Јас посакав да направам нешто навистина скапо и ексклузивно, а комбинацијата се покажа како полн погодок“, заклучува креаторот Доши.Како и сите останати сладоледи кои се служат во ова кафуле, така и „Црниот дијамант“ е изработен рачно, без ниту една вештачка состојка



