Во продолжение можете да прочитате писмо на една домаќинка кое е упатено кон сите жени, а која сака своето животно искуство да сподели со вас. Го пренесуваме во целост…„Мои дами,
Запамтете дека талогот прашина го штити дрвото. Куќата станува дом кога на мебелот можете да напишете – те сакам.
Знаев секој викенд да поминам барем 8 часа чистејќи, затоа што сакав да биде совршено, во случај некој да не помине. Конечно еден ден сфатив дека никој не дошол – сите биле некаде, живеејки го животот и забавувајки се.
Денес, кога луѓето ме посетуваат, не морам да им ја објаснувам ситуацијата во својот дом, сите се воглавно заинтересирани за работите кои сум ги направила и правам додека живеам и забавувам. Ако тоа уште не сте го сфатиле сами, ве молам послушајте го овој совет: Животот е скапоцен. Уживајте го! Чистите колку што треба…
Зарем не би било подобро да насликата слика, напишете писмо, испечете колачи или насадите цвеќе – научете ја разликата помеѓу сакам и морам?
Чистите колку што треба… но немате премногу време… за реки кои можете да ги препливате, планини кои можете да се качите, музика која сакате да ја слушате, пријателства кои сакате да ги задржите и живот кој сакате да го живеете.
Чистите колку што треба, но животот е таму надвор, со сонце во вашите очи, ветер во вашата коса, снегулки на вашето лице, капки дожд… Овој ден нема да се повтори!
Чистите колку што треба, но имајте на памет… Староста ќе дојде и таа не е љубезна, а кога ќе не напушти трошното тело, тоа ќе направи само уште прашина“.
Прашината нека оди кај прашината – душата бара љубов и радост.„Мои дами,
Запамтете дека талогот прашина го штити дрвото. Куќата станува дом кога на мебелот можете да напишете – те сакам.