Манука медот е стар неколку илјади години и е најздравиот мед во светот. Потекнува од Нов Зеланд, а тамошните домородци го користат за подготовка на тоник и напитоци. Во прашање е мед кој се добива исклучиво од поленот на цветот од дрвото манука (Leptospermum scoparium).Овој мед е познат по своите антибактериски својства и отпорен е на растворање, светлина и топлина.
Истражувачка група од Нов Зеланд, од Универзитетот Ваикато, во 1981 година откри дека манука медот е стабилен, моќен и дека поседува единствени антибактериски својства кои не се присутни ниту во еден друг мед.
Неколку фактори допринесуваат за овој ефект: високата концентрација на медицински состојки, ниска содржина на вода, мала киселост и присуство на специфични терапевтски соединенија од цветот на мануката.
Овој мед помага и при изгореници, ја ублажува болката и го подобрува закрепнувањето на раните, а добар сојузник е и против чиревите.
Кога ќе се стави на раната, тој ја апсорбира водата и ја суши раната, а антимикробните супстанци ги уништуваат микроорганизмите кои ја инфицираат раната. Ефикасен е затоа што се пробива длабоко во кожата, а притоа го зајакнува и имунитетот. Тој ги навлажнува и обновува косата и кожата.
Може да помогне и кај следните проблеми: екцем, дерматитис, акни, габични инфекции, воспаленија, астма, алергии, осипи и чиреви, анемија, дигестивни проблеми.
Манука медот се прави на различни начини. Во зависност од годишното време и потеклото, активните супстанци се разликуваат во овој мед.
Се зема околу една лажица мед (трипати на ден), но ако станува збор за акутно воспаление, треба да се зема по една лажица мед на секој час. Манука медот, исто така може да се користи и за готвење.
Помага онаму кадешто стандардните лекови не помагаат
Во студијата спроведена на Универзитеот во Сиднеј, манука медот ги уништил скоро сите бактерии. Ефикасен е и против хеликобактеријата.
Здравствените институции на британската влада, во 2004 година ја одобриле неговата употреба при третирање на раните.
Многу задоволни пациенти со негова помош излечиле болести, како што се хроничен бронхитис, бронхијална астма, ринитис и синузитис.
Делува и на супербактериите
Предноста на природните лекови е тоа што се во совршена рамнотежа со човековиот организам. Мануката е совршен пример за тоа.
Овој мед може да се користи како било кој друг лек – за орална или надворешна употреба.
Лимонада од манука мед
Изрендајте две мали лажички ѓумбир, исцедете сок од лимон, додадете 0,75 литри вода и манука мед по желба.Овој мед е познат по своите антибактериски својства и отпорен е на растворање, светлина и топлина.
Истражувачка група од Нов Зеланд, од Уни



