Сокот од лимон е познат како одлично природно средство за чистење, но можеби не сте знаеле дека кората од лимонот има исто така супер моќ.Незаменлив е во салатите, колачите и во многу други јадења, но лимонот е идеален за чистење и по домот.
Еве неколку предлози како да го искористите лимонот
Чистење на даската за сечење
Бидејќи на неа сечеме се и сешто, добро е да се измие и исчисти убаво. А лимонот поради неговата киселост, со малку сол е добар за рибање на даската за сечење.
Повкусна вода
Во лето најчесто ја држиме водата во фрижидерот за да се разлади. Ако имате вода во бокал, ставете половина лимон кој ќе и даде арома и ќе ја направи поосвежувачка. Откако ќе го испразните бокалот ставете нов лимон.
Отпад
Пред да го изнесете ѓубрето од домот и кантата да се наполни можете да ја спречите непријатната миризба ако ставите половина лимон. Ова ќе биде совршено во топлите денови кога таквите мириси ги чувствуваме повеќе.
Исчистете ја микробрановата печка
Пресечете го лимонот и исчистете ги сите нечистотии и остатоци од храна во микробрановата печка. После само пребришете ја. Откако ќе ја избришете ќе мириса убаво и свежо.
Запечена храна
Половина лимон е идеален за отстранување на остатокот од храната. Една половина лимон е идеална. Ако храната е запечена додајте малку сол.Незаменлив е во салатите, колачите и во многу други јадења, но лимонот е идеален за чистење и по домот.
Еве неколку предлози како д



