Драгана Мирковиќ признава дека не ги сака пластичните операции и дека никогаш не би дозволила нејзината ќерка да стави силикони. Таа вели дека на секој начин би се обидела да ја одврати својата наследничка од таа идеја. Смета дека младите девојки грешат кога се одлучуваат да одат под нож.
„Кога Мануела би ми побарала да оди на било каква пластична операција, со разговор би ја вразумила и би ѝ објаснила дека тоа не е добро. Мојата ќерка не е некој кој би одел на естетска хирургија бидејќи е спортски тип. Неодамна ја побараа да биде модел во Виена, но таа одби бидејќи не е во таков „фазон“. Ми падна камен од срцето кога рече дека не сака да се занимава со моделство и јавна работа“.
Пејачката објаснила и зошто нејзините деца не се појавуваат во јавност, што е многу чудно со оглед на тоа што сите нејзии колеги не ги кријат своите наследници.
„Пред пет години, Марко и Мануела ми кажаа: Мамо, ние не сакаме да се појавуваме во весници, другарите и другарките го гледаат тоа, а ние не би сакале да се разликуваме од нив, не ни се допаѓа тоа. До тогаш се сликаа со нас во весниците, а потоа сфатив дека треба да ги прашам дали воопшто го сакаат тоа.“Таа вели дека на секој начин би се обидела да ја одврати својата наследничка од таа идеја. Смета дека младите девојки греша