„Мајко немој да одиш со мене, сам ќе излезам да прошетам“- Тоа беше последното што му го кажа Аца и од тогаш не сум го ни слушнала ни видела…Го молам Господ да ми го врати жив и здрав, па заедно да го славиме неговиот роденден!- ова го изјави Ѕвездана Јовановиќ мајката на Александар кој исчезна на 13-ти август во Пожаревац.
-Поради својата болест поминал еден месец на невропсихијатрија, а оттаму излегол како целосно здрава личност. Имал терапија, но претходната среда се чувствувал добро па прекинал да зема лекови-раскажува мајката.
-Тогаш почнал да се жали на забрзана работа на срцето, постојано повторувал дека од тоа може да умре…Од страв не можеше ни да оди, а јас секаде одев со него. Но претходната среда тој инсистираше да оди сам, да излезе надвор. Бев против тоа но тој се обиде на секој начин да ме спречи….
Дури ја заклучи и вратата за да не одам со него. Тој влезе во лифт а јас додека да се облечам тој исчезна- вели таа.
Додава дека отишол и без пари. А дома му останал и мобилниот.
Во мобилниот мајката нашла многу сомнителни пораки и се плаши дека нејзиниот син западнал во лошо друштво.
Мајката очајно моли да се најде нејзиниот син од кој се уште нема ни трага ни глас…-Поради својата болест поминал еден месец на невропсихијатрија, а оттаму излегол како целосно здрава личност. Имал терапија, но претходната



