Според многубројните приказни, мобилните оператори пред неколку години го укинале бројот 0888 888 888, откако секоја личност којашто го поседувала тој број во последните 10 години завршила мртва.Првиот сопственик, Владимир Грашнов, бил еден од извршните директори на една бугарска мобилна компанија, кога одеднаш во 2001 година починал од рак во 48. година од животот.
Бројот подоцна преминал во сопственост на бугарскиот тајкун Константин Димитров, кој бил убиен во 2003 година во Холандија. Димитров имал 31 година, а убиството му било припишано на руски ривал.
„Проколнатиот број“ на телефон преминал во сопственост на бизнисменот Константин Дишилев, кој бил убиен пред индиски ресторан во Софија 2005 година. Дишилев бил погоден токму во моментот кога се јавил на телефон.
По неговото убиство, полицијата открила некои сомнителни тргувања со дрога, па бројот на телефонот бил изгасен додека траела истрагата.
Претставниците од мобилната компанија не сакале да го коментираат овој случај, но потврдиле дека бројот е исклучен.Првиот сопственик, Владимир Грашнов, бил еден од извршните директори на една бугарска мобилна компанија, кога одеднаш во 2001 година починал од рак