Пратеникот Илија Димовски смета дека одбивањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да се појави во Собрание е прв случај кога толку висок функционер не се појавува и не дава отчетност.-До сега во Собранието и Прчевски и Шврговски и Зврлевски биле заедно повеќе од 30 пати на пленарна седница и дискутирале со пратениците и одговарале на пратенички прашања. Ова е прв случај кога толку висок функционер, избран во постапка во која што поминал и низ Собрание, одбива да дојде во Собрание… Не гледам прчина зошто Јанева не сака да дојде и да разговара и да ги расчисти сите дилеми кои постојат. Од што бега, од транспарентност?, праша Димовски, кој беше гостин во дебатната емисија Топ тема на Телма телевизија.
Едно од прашањата кое би и` го поставил Димовски на Јанева би било- кој ја донел одлуката за полициско приведување на единствениот македонски градоначалник во Албанија Едмонд Темелко, дали Јавното обвинителство, Судот или полицијата. -Сакам да знам бидејќи е нарушено човеково право. Ова, вели Димовски, е легитимно прашање и сакам да добијам одговор.
-Јанева има законска заштита да не зборува за тоа за што мисли дека ќе ја наруши истрагата и ние нема да прашуваме за тоа, не сакаме да ја нарушиме истрагата, туку сакаме да дискутираме за нешто што веќе се случило и за нешто за кое мора да има отчетност.
Според Димовски, Парламентот е највисок државен орган и сите треба да одговараат, вклучувајќи ја и Јанева.-До сега во Собранието и Прчевски и Шврговски и Зврлевски биле заедно повеќе од 30 пати на пленарна седница и дискутирале со пратениците и одговара