Ова е првиот бакнеж на Макрон со 40- годишната професорка, својата денешна сопруга

На интернет се појавила снимка од првиот бакнеж на парот кој наскоро можеби ќе биде на чело на Франција – 39-годишниот Емануел Макрон, и неговата 26-години постара сопруга Брижит Троње. Во времето кога било снимено ова видео, Макрон имал 15, а Брижит имала 40 години.
Младиот Макрон играл во училишна претстава тој мај 1993. година, а кога претставата завршила, младите актери се поклониле на публиката. Професорката Брижит Озијер, на учесниците им честитала поединечно, а ова било нивниот прв бакнеж.
Кога тргнала да им честита на останатите, Макрон го земал микрофонот и се насмеал во нејзина насока, но не се слуша што кажал.
Една година подоцна Макрон се зарекол дека ќе се ожени со неа, на ужас на своите родители. Неговиот татко барал од Брижит да го остави неговиот син на мир додека не наполни 18 години, на што професорката му одговорила дека „не може да му вети ништо“.
-Секогаш си се јавувавме и разговаравме со часови на телефон- рекла Брижит на еден француски документарец. Парот е во брак од 1997. година.Во времето кога било снимено ова видео, Макрон имал 15, а Брижит имала 40 години.
Младиот Макрон играл во училишна претстава тој мај 1993.

Пронајдете не на следниве мрежи: