Хуманоидниот робот на јапонската компанија Тошиба, наречен Чихира Аико, беше претставен денес за прв пат во Европа на Меѓународното шоу за трговија во Берлин.Машината личи на млада жена и е во состојба да зборува, да се движи, да изразува чувства со мимики и гестови и дури да дејствува во согласност со специфичен контекст и ситуација.
Роботот, исто така, зборува неколку јазици и може да запомни и препознава лица.
Шефот на одделот за маркетинг на Тошиба, Хитоши Токуда, коментира дека компанијата има за цел роботите да живеат во човечка средина и да се однесуваат и зборуваат како луѓето.
Тој истакна дека машината може да изврши напорни, повторливи задачи „дури по 100 пати на ден“, да не влијае од расположението на клиентите и да биде постојано на располагање.
Токуда додаде дека Чихира не е наменета да ги замени луѓето, а дека во фокусот на нејзиното програмирање е туристичката индустрија.Машината личи на млада жена и е во состојба да зборува, да се движи, да изразува чувства со мимики и гестови и дури да дејствува во согласност со с