среда, 25 ноември 2026
Најново

Ова е тајната за среќен живот според Алберт Ајнштајн!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две куси белешки кои научникот Алберт Ајнштајн му ги дал на хотелски курир во Јапонија во 1922 година, и кои ја содржат неговата тајна за среќен и успешен живот.

Ајнштајн ги напишал пораките додека престојувал во хотелот „Империјал“ во Токио. Во еден момент требало да му даде бакшиш на момче вработено во хотелот, но бидејќи немал ситни пари, или поради тоа што момчето одбило да прими бакшиш, генијалниот научник му напишал на лист хартија од хотелот две пораки на германски јазик.

Кога има волја, ќе се најде начин. 

Тивок и скромен живот носи повеќе среќа отколку трчање по успехот со постојан немир

– гласат двете пораки. 

Ајнштајн му рекол на момчето дека, можеби, овие две пораки по некое време ќе вредат повеќе отколку вообичаениот бакшиш.

Поврзани вести