Според стручњаците, десетина минути се сосема доволни за и двајцата партнери да бидат задоволни.Се повеќе луѓе се незадоволни од својот сексуален живот, бидејќи медиумите, филмовите и сериите наметнаа нереални очекувања. Сексолозите по прашањето околу должината на сексуалниот чин сметаат дека идеален е оној однос кој не трае повеќе од 13 минути. Се што трае подолго од тоа може да се претвори во досадно, депримирачко и заморно.
Истражувачите Ерик Корти и Џени Гвардијани анкетирале 50 членови од Друштвото за сексуална терапија, меѓу кои имало психолози, доктори, социјални работници и брачни советници кои секојдневно доаѓаат во контакт со голем број на луѓе од САД и Канада.
Од нив се барало да го оценат времетраењето на сексуалниот однос како: “прифатливо“, “посакувано“, “прекусо“ или “предолго“.
Најголем дел од испитаниците оцениле дека односите кои траат од 3 до 7 минути се “прифатливи“, а односите кои траат од 7 до 13 минути како “посакувани“, пренесува Дејли Мејл. Изненадувачки, се што е подолго од 13 минути било оценето како “предолго“.Во денешно време постојат многу стереотипи кога станува збор за сексуалноста и сексуалните односи, смета професорот по психологија на Универзитетот Пен, д-р Корти.
Мажите веруваат дека жените сакаат да водат љубов цела ноќ, жените пак мислат дека мажите се тие кои сакаат чинот да биде “маратонски“, а всушност и едните и другите се во заблуда. Квалитетот на сексуалниот однос и емотивната поврзаност на партнерите се многу поважни од должината на односот, сметаат истражувачите чија цел била да се охрабрат паровите во врска со нивната сексуалност.Се повеќе луѓе се незадоволни од својот сексуален живот, бидејќи медиумите, филмовите и сериите наметнаа нереални очекувања. Сексолозите по прашање