Доручекот е најздрав оброк во денот. Со него го покренуваме организмот и го подготвуваме за напорните часови кои се пред нас. Ако сакате да имате енергија цел ден, ова никако немојте да го направите кога ќе се разбудите!Овие видови доручек ќе го успорат метаболизмот и ќе направат проблем во текот на целиот ден, дури и ако до крајот на денот јадете здраво нема претерано да влијаете на крајниот исход, а тоа е дебелеењето!
Причината е во тоа што оваа храна ќе ви го успори метаболизмот во наредните 12 часа и ќе ви направи проблем во телото.
1. Овошни сокови и јогурти
Иако на нив пишува дека се 100% природни, купечките овошни сокови се преполни со шеќер и адитиви. Ваква напивка на празен стомак ќе ви даде енергија во моментот, но и брзо ќе ви ја одземе. Исто така, купечките сокови немаат големи нутритивни вредности.
Подобро е да посегнете по овошје кое содржи и влакна потребни за регулација на дигестијата и збогатете го со чинија житарици. Истото важи и за овошните јогурти, па најдобро е да изберете незасладен пробиотик зајакнат со кришка препечен леб и мармалад.
2. Пекарски производи
Пецивата, крофните и вкусните банички кои ги купуваме во пекара се многу вкусни и заситувачки, но исто така, овие производи често содржат големи количества адитиви, соли и шеќер што и не е добра комбинација за почеток на денот.
Солените пецива ја задржуваат водата во организмот, а листнатото тесто е мрсно, тешко се вари е сиромашно со нутритивни вредности кои на организмот му се потребни за нормална работа. Ако сакате наутро да јадете пециво, изберете некое од цели житарици и зачинете го со млечен намаз или путер или мармалад.
3. „Ѕидарски“ доручек
Ѕидарскиот доручек подразбира мрсна, тешка и калорична храна како што се печени јајца, бел леб или мрсни салами зачинети со мајонез или слични намази. Освен ако не се занимавате со тешка физичка работа, ваквиот доручек на вашето тело навистина не му е потребен и тој долго и тешко ќе го вари.
Големи количини на нездрави маснотии ќе завршат во облик на масно ткиво, а вашиот организам нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна кои му се потребни. Ако сакате наутро да изедете јајце, најдобро е да го сварите и да го искомбинирате со кришка препечен леб и чај.Овие видови доручек ќе го успорат метаболизмот и ќе направат проблем во текот на целиот ден, дури и ако до крајот на денот јадете здраво нема прете