„Њујорк Тамјс“ објави вознемирувачко видео на кое се гледа како командантот стрела во главата на еден од седумте војници, кои се погубени на најкрвнички можен начин. На снимката се гледа како командант на бунтовничка група, пука во главата на првиот војник, по што и останатите шест војника се убиени.
Оваа снимка беше клучна за намалување на гласовите за поддршка на американскиот претседател Барак Обама од страна на Конгресот за започнување војна со Сирија.
Како што се наведува „Б 92“, агенцијата до овој видео запис дошла преку еден поранешен бунтовник, кој пред неколку дена успеал да го изнесе од државата.
„Снимката дава увид на мрачната страна, како некои бунтовници, ги прифатиле истите брутални и немилосрдни методи, кои што ги користи и режимот кој што се обидуваат да го урнат“, пишува американската агенција.
Претставниците на Конгресот кои ја сменија својата одлука и не дадоа поддршка на Обама сметаат дека доколку ја дадат својата поддршка и ги нападнат војниците на Сирија, ќе бидат еднакви со буновничките групи во Сирија кои ладнокрвно убиваат војници.
На снимката се гледа како командант на бунтовничка група, пука во главата на првиот војник, по што и останатите шест војника се убиени.
Ова