Агентите на американската тајна служба изјавија дека Алисон Мишел Ернст (36), била потполно свесна и присебна за време на испрашувањето. Инаку, на Алисон и се заканува казна затвор и до година дена доколку биде осудена поради кршење на јавниот ред и мир.Имено, обвинетата носела перика, успешно го поминала обезбедувањето и мирно се упатила до шестиот ред во салата. Таа извадила чевла од ташната и потоа ја фрлила кон бината. Хилари инстинктивно ја вовлекла главата меѓу рамениците и за неколку секунди се повратила од состојбата на шок. Таа дури кажа и неколку шеги, на што публиката реагираше со аплауз.
Подоцна е утврдено дека Алисон фрлила портокалово-црна патика на Хилари.
Додека стоела окружена со припадниците на обезбедувањето, таа успеала на еден новинар да му каже дека фрлила чевла и некои хартии кон Хилари, но не му го открила својот идентитет. Обезбедувањето брзо ги избркало новинарите и фоторепортерите од хотелот.Имено, обвинетата носела перика, успешно го поминала обезбедувањето и мирно се упатила до шестиот ред во салата. Таа извадила чевла од ташната и по