Ова ќе биде најефтиниот паметен телефон на светот!

Сте слушнале некогаш за Leadcore? Да бидеме искрени, ова име исто така и на нас ни е непознато, но тоа е компанијата која доби инвестиција од Xiaomi. Целта е да се произведе паметен телефон кој ќе чини само 52 евра…Xiaomi планира да го искористи LC1860 чипсетот на Leadcore, кој ќе ви понуди сосема задоволителни спецификации – A7 архитектура, процесор од 2GHz и Mali T628 графички процесор. Чипсетот поддржува 2K екрани, снимање на FullHD видеа во 1080p и 60 фрејмови во секунда и LTE конекција.
Иако ова можеби технички не е најефтиниот телефон во светот, сепак за цена од околу 50 евра добивате 4,5 инчен екран на допир со HD (720p) резолуција и 1GB RAM, што мора да признаете дека е одлично.
Засега не се знае кои материјали се искористени за телефонот, иако можеме да очекуваме пластично куќиште и стандардна камера од 5 мегапиксели на задната страна со LED блиц.
Сегашниот најефтин телефон на компанијата, Xiaomi Redmi 1S, нуди слични спецификации за цена од 120 евра.
Извор: gsm.mk.Xiaomi планира да го искористи LC1860 чипсетот на Leadcore, кој ќе ви понуди сосема задоволителни спецификации – A7 архитектура, процесор од 2GHz и

Пронајдете не на следниве мрежи: