ОВА ЌЕ ВИ СЕ ДОПАДНЕ: Откријте кои НОВИ промени ги воведува Фејсбук

Фејсбук реши на своите корисници да им овозможи во „news feed-от“ да ги гледаат работите кои им значат. Имено, новата алатка ќе го реши проблемот со досадните, несакани информации кои го затрупуваат нашиот „news feed“, па поради нив често не ги гледаме известувањата кои ни се важни.Од сега корисниците ќе можат да ги одбираат постовите на пријателите и странци кои сакаат да ги видат секој пат кога ќе се најават на Фејсбук.
– Постојано се трудиме да го подобриме и персонализираме „news feed“ за корисниците. Сфативме дека корисниците самите знаат кои објави најмногу им значат, па поради тоа сакаме да им овозможиме повеќе начини за персонализирање  и контрола – истакна Џејкобс Франц од Фејсбук.
За да ја користите оваа опција, неопходно е да одите на профилот на пријателот чии објави сакате да ги следите во секој момент, кликнете „following“ и потоа одберете ја опцијата „see first“.
Алгоритмите на Фејсбук користат многу информации за да одредат кои објави ќе ви ги прикаже. Ова дури вклучува и колку често се допишувате со некој од пријателите, дали им ги лајкувате и коментирате објавите и фотографиите. Од сега корисниците ќе можат да ги одбираат постовите на пријателите и странци кои сакаат да ги видат секој пат кога ќе се најават на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: