Ова ќе ви се случи доколку го исклучите мобилниот телефон на еден ден!

ВНИМАВАЈТЕ:  Еве што може да ви се случи ако го исклучите мобилниот телефон на 24 часа.Друштвените мрежи ни одземаат многу повеќе време и внимание одколку што ни се чини. Колку само пејзажи, насмевки и средби со познаници сме пропуштиле, баш заради тоа што постојано гледаме во телефоните.
Нема да доцните на работа
Признајте дека утрата ви изгледаат вака: се будите и сонливи веднаш се фаќате за телефонот. Проверувате Фејсбук, мејл и слично, и често може да се занесете и да задоцните на работа. А, постојат толку многу покорисни работи кои можете да ги направите наутро.

Поразговарајте со сосетката во лифт или со некој на автобуска станица
Колку ли пати ви се случило да сте толку занесени во телефонот, и да се разминете со некој познаник, без да го забележите? Пробајте и видете колку вашиот ден може да биде поубав кога сте во интеракција со луѓето околу вас. Дури можете и да запознаете нови лица.
Сите работи ќе ги извршувате навреме
Убедени сте во верувањето дека нема да можете да завршите некоја работа во одреден рок, а можете да ја освежувате страната на Фејсбук на секои пет минути, иако нема ништо ново на неа. Телефоните се голема пречка и често пати ни го одземаат времето и концентрацијата. Кога имате многу работа, најдобро е да го игнорирате телефонот.
Ќе бидете поздрави
Првенствено вашите очи ќе бидат помалку изложени на зрачењето од екранот. Ќе почнете и подобро да јадете. А не штом седнете да јадете со телефонот до вас, на секое свиркање се фаќате да проверите кој пишал, а со тоа го прекинувате оброкот. Без телефонот ќе се сконцентрирате на храната која го подобрува вашиот организам.
 Друштвените мрежи ни одземаат многу повеќе време и внимание одколку што ни се чини. Колку само пејзажи, насмевки и средби со познаници сме пропушти

Пронајдете не на следниве мрежи: