Најверојатно веќе сте чуле секакви приказни за кучињата и нивната пожртвувана љубов, но ова сигурно ќе ве изненади…Јунакот на оваа приказна е Лилика, напуштено куче од улица во Сао Карлос во Бразил, каде ја пронашла и посвоила Нела Ванија, сопственичка на техничкиот отпад.
Од тогаш живее со неа и нејзиното бројно семејство кое освен деца има и едно куче, мачка и неколку кокошки.
Вакво големо семејство е тешко да се прехрани а Лилика се соочила со тој проблем кога добила и свои кутренца.
Храната која сопственичката и ја давала изгледа не и била доволна па одлучила да побара повеќе.
Лутајќи по градот стигнала до 6 километри оддалечена улица во која живее Лусија Елен де Суза немажена наставничка и голем љубител на животни.
Кога го видела ова куче покрај контенијерот најпрвин мислела дека е скитник и одлучила да ја нахрани заедно со уште неколку свои миленичиња од улицата на кои секојдневно им обезбедува храна.
Ова куче иако било доста гладно изело само дел од храната а остатокот го оставила и го гледала како нешто да очекува.
Лусија брзо заклучила дека ова животно можеби сака остатокот од својот оброк да го понесе некаде па храната и ја спакувала во кеса која Лилика внимателно ја земала и ја однела дома.
Кутренцата таа вечер добро се најале а Лилика продолжила редовно секоја вечер во 9-30 да ја посетува оваа госпоѓа и остатокот од храната да го носи во својата куќа.
Кога кутренцата пораснале и се водимиле таа и понатамѕ продолжила да го прави истото а донесената храна сега им ја давала на другарите од отпадот- кучињата, мачката и кокошките.
Јунакот на оваа приказна е Лилика, напуштено куче од улица во Сао Карлос во Бразил, каде ја пронашла и посвоила Нела Ванија, сопственичка на технич



