Ова место ги МАЧИ научниците. Никој не ја знае неговата намена!

На прв поглед, островот Пор-Бајин изгледа како напуштена тврдина или затвор, но никој не е сигурен за што точно служеле урнатините кои пред 1.300 години биле изградени на островот кој е сместен на средина на езеро во Сибир, пишува „Siberian Times“.Историчарите и научниците имаат поделени мислења, но некои експерти веруваат дека станува збор за летна резиденција, манастир или астрономска опсерваторија.
Името Пор-Бајин, значи „куќа од глина“ на тувански јазик, а островот се наоѓа меѓу планинаските синџири Сајан и Алтај, отприлика 3.800 километри од Москва, во близина на границата со Монголија. Локацијата за прв пат била откриена во 1891 година.
Археолозите во 2007 година тргнале во подетално истражување, кога откриле стапки од човечки нозе, избледени цртежи на ѕидовите, голема врата и фрагменти од изгорено дрво. Тие рекле дека местото е изградено помеѓу 744. и 840. година, за владеењето на Ујгурскиот каганат, но никако не успеале да објаснат зошто некој би имал мотив да изгради тврдина на толку изолирано место, далеку од населените места и трговските патишта.
Работите дополнително се комплицираат поради начинот на изградба и материјалите, кои посочуваат на кинеска традиција. И иако градбата е стара околу 1.300 години, многу ѕидови се недопрени и добро сочувани.
Освен загатката зошто е изградено ова место, непознато е и зошто е напуштено. Истражувачите откриле дека на островот нема никаков систем за греење, иако местото е изложено на ладната сибирска зима, на нешто помалку од 3.000 метри надморска височина.
Владимир Путин ја посетил оваа локација во 2007 година и рекол: „Бев на многу места, видов многу работи. Но, вакво нешто досега немам видено“.Историчарите и научниците имаат поделени мислења, но некои експерти веруваат дека станува збор за летна резиденција, манастир или астрономска опсер

Пронајдете не на следниве мрежи: