Ова момче го протерале мештаните од селото, а сега им се придружи и неговиот дедо!

Дедото на осумгодишното момче од Кина кое е заболено од ХИВ вирусот, кој заедно со уште 200 селани потпишале петиција момчето да биде протерано од селото, сега се обидел да ја одбрани својата одлука.Околу 200 луѓе од едно село во југозападната кинеска провинција Сичуан потпишале петиција со која побарале детето да биде протерано за да “се заштити здравјето на селаните”, пренела агенцијата ”AFP”.
Тој случај предизвика голема дебата на кинеските социјални мрежи каде што било укажано на тоа дека заболените од ХИВ и сида во земјата се уште се изложени на страшна дискриминација.
Дедото на момчето кој е всушност  неговиот законски старател, Луо Вехуи, во интервјуто за магазинот ”People's Daily” се оправдал дека, кога ја потпишувал петицијата, се надевал дека “нештата ќе се поправат”, бидејќи детето на некое друго место ќе има подобра нега. 
„Ние сме се постари, а тој се повеќе расте и не сме способни да се грижиме за него”, изјавил Луо, додавајќи: “Ако таму каде што оди не најде подобар живот, може да се врати во селото”. 

Детенцето, на кое кинеските медиуми му го дале псевдонимот Канкун, било родено со вирусот ХИВ, од кој боледува и неговата мајка. Таа заедно со таткото го напуштила селото во потрага по работа, па затоа детенцето останало кај неговите баба и дедо.
Луо, кој има повеќе од 60 години изјавил дека „нема уште многу долго да живее“ и дека петицијата му ја предложил на еден локален новинар, надевајќи се дека тоа ќе го привлече вниманието на јавноста за случајот на малечкото несреќно дете. 
Во интервјуто за споменатиот магазин, малечкиот Канкун изјавил дека не може да се сети како изгледаат неговите родители и додал: “Другите деца не си играат со мене”. Околу 200 луѓе од едно село во југозападната кинеска провинција Сичуан потпишале петиција со која побарале детето да биде протерано за да “се

Пронајдете не на следниве мрежи: