Иако има само 15 години, Том Вег го откри она што научниците почнале да го бараат уште пред 20 години: планета која се наоѓа далеку од Земјата, надвор од Сончевиот систем.Универзитетот во Кил, од Англија, објави дека 15-годишниот Том Вег е еден од најмладите астрономи на кои им успеало да откријат егзопланета, планета на која е можно да има вода, a која е надвор од Сончевиот систем.
Тој бил на пракса на истиот универзитет пред две години кога се случило откритието. Новооткриената планета која по две години е потврдена, спаѓа во групата позната како „Врели Јупитери“ го добила името WASP-142b и е многу слична првите откриени егзопланети, откриени во средината на деведесетите.
Планетата на Том Вег се наоѓа во далечен систем во рамките на Млечниот пат, на оддалеченост од 1.000 светлосни години од Земјата. Техниката која ја користел за пронаоѓање на оваа планета е анализирање на количината на светлina која егзопланетата ја блокира кога минува меѓу нејзината матична ѕвезда и Земјата.
Планетата е откриена со помош на проектот WASP (широкоаголна потрага за планети) која користи мали телескопи поставени шиrум Велика Британија. Со овaа техника нa телескопот на НАСА „Кеплер“, од 2009 до сега се откриени повеќе од 1.000 кандидати за егзопланети надвор од Сончевиот систем.
Универзитетот во Кил, од Англија, објави дека 15-годишниот Том Вег е еден од најмладите астрономи на кои им успеало да откријат егзопланета, планет



