Ова момче во 1995 година храбро возеше трактор од Книн до Белград. Еве каде е сега…

Драган Миоковиќ последен пат возел трактор  оној  август 1995 година, кога како 12-годишо момче помина 600 километри од Грачац до Белград во колоната од 280.000 срби протерани за време на акцијата „Олуја“.Сликата од момче кое вози стар ИМТ трактор, со баба му во приколката, стана симбол на страдање, но и борба за опстанок.
„Тоа беше последен пат да возам трактор. Набрзо го продадовме. Ни беа потребни пари за да преживееме“, се сеќава денес Драган на доаѓањето во Белград пред 20 години.

Родниот дом во селото покрај Грачац го напуштил со баба му, мајка му и помладиот брат Душко на 4-ти август 1995 година „додека акцијата не помине“. Акцијата поминала, но Драган не се вратил дома. Останал во Белград. Прво се сместиле кај роднина, за потоа да изнајмат стан.
Денес работи во една од водечките домашни компјутерски фирми, се занимава со компјутери и дизајн, керира специјални ефекти за филмови и реклами.

 
Не сака многу да зборува за минатото. Погледот му е свртен кон иднината, семејството, сопругата и тригодишната ќерка.
Сепак минатото го научило да биде борец, да работи, да создава и да не се жали.
„Некогаш живеев во куќа без вода. Моите ораа со коњи, на 40 степани собираа сено надвор. Сега кога нешто не ми е по мерак, сфаќам дека всушност сум размазен“, вели Драган.
Во Хрватска за прв пат од акцијата престојувал пред неколку години, за да извади документи.
Сликата од момче кое вози стар ИМТ трактор, со баба му во приколката, стана симбол на страдање, но и борба за опстанок.
„Тоа беше пос

Пронајдете не на следниве мрежи: