Шницли, шпагети и брокула сигурно сте подготвувале безброј пати до сега, а најверојатно сте ги направиле и овие грешки за време на спремањето. Еве каде грешите.1. Грешка кај шпагетите: Туку така ги ставате во водата
Кога станува збор за спремање тестенини, сите го знаат основното: голема количина на вода, добро посолена, мешање и внимавање да не претече водата од тенџерето…Но италијанскиот кувар „ La Cucina Italiana Encyclopedia od Italian Cooking “ тврди дека многумина шпагетите погрешно ги ставаат во тенџерето.
Еве што треба да направите: Држете ги шпагетите во едната рака, а потоа со другата во еден ист правец ставете ги во тенџерето, (така што ќе направат лепеза) во зовриената вода. Така сами од себе ќе се одвојат, па нема да мора да ги одвојувате во текот на готвењето.
2. Грешка кај шницлите: Се плашите да го засечете
Постојат многу приказни за тоа како треба а како не треба да се спремаат шницлите, што не е изненадување со оглед на големиот број начини на кои тие можат да се подготват. Но постои една многу важна работа која никој не ја прави: Многумина не го засекуваат месото да го отворат и да видат дали е готово одвнатре од страв дека најубавите сокови ќе испарат и дека месото ќе биде суво. Но тоа не е точно.
Подзасечете и видете во внатрешноста. Месото нема да стане суво, а со пресекот ќе биде уште повкусна од онаа која би се пржела неколку минути повеќе без потреба.
3. Грешка кај брокулата – Ја вариме на силен оган
Ако брокулата, карфиолот или зелката ги ставите во зовриена вода, ѕидовите на нивните ќелии брзо се кршат отколку кога ги прчите и печете. Кога се готви овој зеленчук може да задржи вишок течности, поради што може да добие водест вкус (и непријатен мирис).
Вистински начин: Исечкајте го зеленчукот на ситно и ставете го во плех со зејтин, насолете и ставете во врела рерна. 1. Грешка кај шпагетите: Туку така ги ставате во водата
Кога станува збор за спремање тестенини, сите го знаат основното:



