Ова му го одговори ОБСЕ на Героски!

Шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава, Ралф Брет денеска им одговори на Бранко Героски и останатите медиуми блиски до опозицијата кои сакаа да направат сензација со пишувањата дека скандалозно било тоа што ОБСЕ го поддржувал спотот во кој рокери и металци се прикажани како насилници.Уредникот на порталот Плусинфо Бранко Героски јавно го повика ОБСЕ да се огради од овој спот и да побара да се забрани неговото емитување, зашто придонесувал за стигматизација на рок културата, но наместо тоа, Героски доби ладен туш во одговор од Ралф Брет.
-Целта на видеото е да прикаже со каков тежок избор се соочуваат младите луѓе. Намерата на ова видео е да испрати силна порака, без намера да се промовира каква било дискриминација или стереотипи. Ја разбираме загриженоста којашто беше искажана неодамна, а во исто време веруваме дека најважен аспект во видеото е пораката, чија цел е да ги одврати младите од насилство. Поради тоа би сакале гледачите повеќе да се осврнат на проблемот, отколку на ликовите во видеото- вели шефот на Мисијата на ОБСЕ за реакциите поврзани со видеото „Кажи не на насилството“.
Исто така, ОБСЕ ги поканува сите кои го делат мислењето дека ова е благородна цел за иднината на земјата, да соработуваат со нив и заедно да ја споделат пораката „Да не дозволиме да победи насилството“.
Со реакција се јави и МВР, од каде беше потенцирано дека спотовите насловени „Кажи НЕ на насилството“ не се финансирани и изработени од Министерството за внатрешни работи. МВР ниту објавило тендер, ниту пак ја спроведувало јавната набавка.
– Сакаме да посочиме дека МВР не учествуваше ниту во идејното осмислување, ниту во реализацијата на видеоспотовите. Министерството беше единствено партнер при реализирање на проектот „Безбедни училишта“. Овие видеоспотови МВР не ги емитувало, ниту пак во иднина ќе ги емитува. Во моментов Министерството воопшто не реализира медиумска кампања со таква содржина, се вели во соопштението од МВР.
МВР нагласува дека не поддржува, ниту пропагира никакви стереотипи. Напротив, како што велат, сите граѓани биле и ќе останат еднакви пред законот и потенцираат дека досега реализирале бројни кампањи за спречување на насилството.Уредникот на порталот Плусинфо Бранко Героски јавно го повика ОБСЕ да се огради од овој спот и да побара да се забрани неговото емитување, зашто пр

Пронајдете не на следниве мрежи: