Денешниот прес на Катица Јанева и двете други обвинителки Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи претставува класичен политички настап, кој колку и да се обидуваа поинаку да го претстават (а тоа го правеа очајно лошо) не може и нема никаква допирна точка со правото.Ова не е право и правда, работите за кои што зборуваа трите обвинителки не се правни работи, велат експертите.
Додаваат дека ова е класична политика, ставање на едно договорно тело како што е специјалното јавно ообвинтелство во класична политичка, а не правна фунцкија, е врв на злоупотреба на политичкиот систем во земјата.
Самиот настап на обвинителките беше класичен политички настап и тие повеќе наликуваа на портпароли на политичка партија, отколку на лица од независна институција која треба да се гржи единствено и исклучиво за правото и правдата.
Гневот кој можеше да се забележи во јавниот настсап на обвинителките, политичките пароли и позиции кои ги истакнуваа, квалификациите со кои се дрзнаа да ја оквалификуваат изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ која е резултат на 500 илјади гласови како изборна манипулација, само покажуваат дека се работи за политичка конструкција подготвена во кујните на Бихачка.
Беше забележливо дека обвинителките за жал, се преттсавија како класична маша, жални апаратчици, на кои им беше дадена улогата да ја понудат оваа политичка програма на опозицијата, а тие за уште поголема жал и заради потребата да бидат актуелни и да се сликаат што се гледа дека им е очигледен порив беспоговорно ја прифатија.
Видливо е дека денешниот настап немаше никаква врска со правото, туку само со политиката. Специјалните (од денес согласно настапот ама баш специјални) обвинители и нивните тези, а и предметите кои ги најавија, не претставуваат ништо друго освен класичен политички маркетинг во функција на претстојните парламентарни избори на кои СДСМ по сите анкети на јавните мислења се соочува со нов сериозен и убедлив пораз.
Овој политички настап на претставници на едно тело кое по дефиниција треба да е независно и непристрасно е на линија на дневните пресови кои ги прават функционерите на СДСМ, и според првичните реакции на јавноста ќе го има истиот ефект – наместо да помогне ќе одмогне на рејтингот на СДСМ.Ова не е право и правда, работите за кои што зборуваа трите обвинителки не се правни работи, велат експертите.
Додаваат дека ова е класична