Ова не сакаат да го знаете: Исланд излезе од кризата штитејќи си ги граѓаните, а не банките

Со мерките кои ги презеде, Исланд одлично ја надмина економската криза која ја зафати земјата во 2008 година. БДП-то на Исланд е пораснато на 2,4%, додека пак државниот дефицит од 6,5% е намален на 0,5%, а оваа година се очекува и суфицит.Тајната на успехот на Исланд лежи во тоа што тамошната влада реши да ги стави граѓаните на прво место пред банките. Со договор помеѓу владата и банките, банките им ги простиле долговите на домаќинствата во случај долгот да ја надминува вредноста на 110% од вкупниот имот на граѓанинот.
Исто така, во 2010 година владата ги прогласи за незаконски кредитите со валутни лаузули, па така граѓаните повеќе не мораа да го покриваат губитокот на домашната валута.
Исто така, истите граѓани кои во 2009 година го каменуваа Исландскиот парламент за да политичките водачи и банките ја преземат одговорноста за кризата, денес ги берат плодовите од својата лутина, како мнозинското негативно изјаснување на референдумот за тоа дали Исланд да се задолжи 85 милијарди долари за да ги спаси банките.

Според директорот на Danske Bank,  Ларс Кристенсен, главната причина за спасот на Исланд лежи во тоа што банките ги ставиле на страна своите интереси и сфатиле дека домаќинствата се неликвидни.
Исландската влада сега ќе ги тужи сите компании и банки одговорни за кризата, па се очекува на суд да се најдат речиси 200 лица, помеѓу кои и поранешниот премиер на Исланд, Геир Хаарде.
Исланѓаните неодамна на анкета се изјаснија дека не сакаат да влезат во ЕУ, каде должничката криза трае веќе 3 години и не и се гледа крајот.Тајната на успехот на Исланд лежи во тоа што тамошната влада реши да ги стави граѓаните на прво место пред банките. Со договор помеѓу владата и бан

Пронајдете не на следниве мрежи: