Ова неделно попладне е „да се биде или не“ за Македонскиот клубски ракомет, иако се чини дека Металург е веќе „биднат“, но во спортот никогаш не е готово.Двата наши најдобри ракометни клубови Вардар и Металург, кои доволно покажаа дека се тимови за голем респект во Европа, денеска ќе ги одиграат реванш средбите од 1/8 финалните дуели.
Овие два тима за кои со гордост на Европа и кажуваме дека се наши, до душа Европа доборо го знае тоа, оваа сезона не не посрамотија ниту еднаш, ниту на една средба тука, пред домашната публика не загубија. Арената „Борис Трајковски“ е неосвоива тврдина. Тука не успеа да триумфира Барселона, не успеа најскапиот тим во историјата на ракометот, ПСЖ, а не успеаа ниту гигантите Хамбург и Колдинг минатата недела.
Вардар и Металург во секој случај од македонската јавност имаат едно големо „браво“, еден голем восхит, а и едно големо „благодарам“ поради начинот на кој го презентираат македонскиот ракомет во европски рамки.
Денеска Металург оди во Данска со 6 голови предност (23:17, прв меч), додека Вардар има далеку потешка задача, бидејќи во Германија ќе започне од 0 (28:28, прв меч).
Како и да е ние и пред малите екрани ќе навиваме за „Металурзите“ и за „Црвено-Црните“ и двата тима се во најдобрите 16 ракометни екипи во Европската Лига на шампиони. Доколку некоја, или двете екипи се најдат во најдобрите 8, тогаш богами „ќе гори“ ракометната сцена.
Како да не можам да ги скријам емоциите кога се во прашање овие две македонски гордости. Знам дека многу од вас ќе сакаат вечер да скокнат во телевизорот и да го скандираат името на Дибиров, или на Вугринец, но тиа знаат дека сме со нив, тие ќе не усреќат!
Европските нежници не можат да направат галама колку што ние можеме пред малите екрани!
Г. АнгелескиДвата наши најдобри ракометни клубови Вардар и Металург, кои доволно покажаа дека се тимови за голем респект во Европа, денеска ќе ги одиграат рева