Ова НИКАКО не смеете да им го кажувате на децата!

Родителството е едно од најголемите задоволства кои човекот може да ги почувствува во животот, но истовремено е и една од најголемите одговорности!Никој не е роден учен, а учиме додека сме живи и затоа не е на одмет да се обрне внимание на грешките кои често ги прават младите родители при воспитувањето на децата.
Мозокот во детството се формира врз основа на социјалните интеракции, а начинот на кој другите луѓе, пред сѐ родителите се однесуваат кон децата, тие ги прифаќаат како слика за себе.
Психолозите предупредуваат дека родителите на деца коишто се на возраст од две години, никако не треба да ги изговараат следните реченици: „Срам да ти е“, „Момчињата не плачат“, Не биди бебе“, „Никогаш нема да стане нешто од тебе.“
Причината е таа што речениците од ваков тип на децата им ја рушат самодовербата, а кога децата се посрамени се чувствуваат отфрлено и се повлекуваат во себе. Тоа може да поттикне агресија, а им се ограничува спонтаноста, им се уништува самодовербата и се намалува способноста за учење!
Психолозите истакнуваат и дека овие реченици предизвикуваат краткорочен ефект кај детето, бидејќи тоа сака да им удоволи на родителите, но ефектот е разорувачки на долгорочен план. Работата е во тоа што детето учи да им угодува на родителите за да не биде казнето, а не затоа што ги увидело проблемите во однесувањето.Никој не е роден учен, а учиме додека сме живи и затоа не е на одмет да се обрне внимание на грешките кои често ги прават младите родители при восп

Пронајдете не на следниве мрежи: