Потрошивте пари на авионска карта, дополнително јадење и чаша вино во авион, но овие работи нема да ве чинат ниту денар. 1.Лименка сок
Стујардесите вообичаено се скржави и ќе ви стават во чаша половина лименка сок, која комбинирана со мраз можеби не е доволна за да се изгласи жедта. Наредниот пат побарајте цела лименка.
2. Основни лекови и завој
На повеќе од летовите има основни лекови против болка и анестетици, како и завои. Бесплатни се, можете да побарате.
3. Топло чоколадо
Како алтернатива на кафе или чај, повеќето авиокомпании нудат топло чоколадо.
4. Бесплатен алкохол
Со оглед дека денеска авиокомпаниите сакаат да извлечат повеќе пари од патниците, најчесто ги наплаќаат и алкохолните пијалаци. Сепак, постојат авиокомпании кои нудат бесплатен алкохол.
5. Слушалки и карти за играње
Некои авиокомпании нудат слушалки, пенкала, но и карти за играње кои можете да ги задржите.
6. Есктра мезе
Грицките што се нудат на летовите се во мало пакување и често може да ве остават гладни. Не се срамете-побарајте уште едно пакување кое може да останало бидејќи има патници кои одбиваат да земат мезе.
7. Тура во пилотската кабина
Мерките за безбедност се построги, но некои авиокомпании ќе ви дозволат да ѕирнете во пилотската кабина. Најдоброто време е откако ќе слета авионот.
8. Влажни марамчиња
Авионите се валкани, така што зошто да не побарате влажни марамчиња и да ја исчистите масичката.1.Лименка сок
Стујардесите вообичаено се скржави и ќе ви стават во чаша половина лименка сок, која комбинирана со мраз мож