Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на својата ординација објави соопштение, кое стана хит на социјалните мрежи во регионот.Имено, лекарот преку ова соопштение, насловено „Десет амбулантни заповеди“, на оригинален и духовит начин им се обраќа на пациентите поради нивниот некоретктен однос.
„Десетте амбулантни заповеди“ гласат:
1. Во оваа амбуланта ЈАС сум доктор, а ВИЕ сте пациенти. Доколку тоа не ви се допаѓа, најдете некоја во која е поинаку.
2. Амбалантата не е продавница за мешовита стока, бидејќи ако беше, тогаш компјутерот би бил каса, јас би бил продавач, а апаратот за притисок би бил рафт за кондоми.
3. Ако веќе влегувате преку ред со коментар „ми треба само ова…“, тогаш тоа не вклучува уште и мерење притисок, рецепти за бабата, алергија што трае веќе шест месеци, но баш сега не се гледа итн.
4. Ако кажете дека сте дојдени да измерите притисок, тогаш измерете го, зошто го малтретирате лекарот?! (Треба да ВИ се измери притисокот).
5. Чекалната не е место за дружење, туку за чекање, што може да се заклучи и од името.
6. Сумамедот не е препарат на база на мед.
7. Доколку соседката Мара ви препорачала таблети за реума, веднаш нека во напише и рецепт.
8. Доколку по чукањето од ординацијата случете „само малку“, тоа не значи дека треба да продолжите да чукате со помал интензитет, туку малку да почекате.
9. Ако сте постари од 90 години, а имате мали проблеми со крцкање во коленото, тоа е нормално. Всушност, не е нормано, бидејќи одамна требало да ви крцка.
10. Кога по работното време нема да затекнете никого во амбулантата, немојте да се нервирате… Почекајте. Сигирно, ќе дојде некој.Имено, лекарот преку ова соопштение, насловено „Десет амбулантни заповеди“, на оригинален и духовит начин им се обраќа на пациентите по