Ова се 10-те очигледни вистини, кои прерано ги забораваме – I дел

Знаете како може да слушнете нешто над 100 пати, на 100 различни начини, пред конечно да допре до вас? Долунаведените вистини, во денешниот прв дел, влегуваат во таа категорија – животни лекции кои многу од нас најверојатно ги искусиле пред неколку години, но од било која причина, целосно не ги сфатиле.1. Просечниот човечки живот е релативно краток
Живејте го животот денес! Не ја игнорирајте смртта, но не се плашете од неа. Плашете се од животот што никогаш не сте го живееле, бидејќи сте биле премногу исплашени за да превземете конкретни потези. Смртта не е најголемата загуба во животот. Бидете храбри.
2. Да бидете зафатени, не значи дека сте продуктивни
Зафатеноста не е доблест, ниту пак е нешто за почит. Иако сите имаме периоди на луд распоред, многу малку имаат легитимна потреба да бидат зафатени цело време. Ние едноставно не знаеме како да живееме во рамките на нашите средства и да кажеме не кога треба.
3. Секогаш прво се случува некаков неуспех, пред успех
Некои грешки се неизбежни. Научете да си простите. Не е проблем да ги направите. Единствен проблем е ако не учите од нив.
Само затоа што не се случува, не значи дека некогаш нема да се случи. Понекогаш работите мора да одат на многу лошо, пред да тргнат на подобро.

4. Размислување и правење се две различни нешта
Успехот никогаш не доаѓа кон вас, додека чекате и размислувате наоколу за него.
Вие сте тоа што го правите. Знаењето во основа е бескорисно, без акција. Добрите нешта не доаѓаат за оние кои ги чекаат. Запрашајте се што е навистина важно, а потоа соберете храброст да го изградите вашиот живот околу вашиот одговор.
5. Не мора да чекате за извинување, за да простите
Клучот е да се биде благодарен за секое искуство – позитивно или негативно. Да знаете да се заблагодарите за лекцијата. Свесно е дека нетрпеливоста од минатото е совршено губење на денешната среќа.
Простувањето е ветување. Кога ќе простите некому, вие ветувате, не за да го задржите непроменливото минато против вашата моментална состојба. Тоа нема никаква врска со ослободувањето од одговорност за неговиот или нејзиниот криминал и се што се прави е ослободување на себеси од товарот да се биде вечна жртва. 
Во утрешниот втор дел, ќе прочитате за преостанатите вистини, кои претставуваат животни лекции: Ова се 10-те очигледни вистини, кои прерано ги забораваме – II дел.1. Просечниот човечки живот е релативно краток
Живејте го животот денес! Не ја игнорирајте смртта, но не се плашете од неа

Пронајдете не на следниве мрежи: