Ова се 10-те очигледни вистини, кои прерано ги забораваме – II дел

Знаете како може да слушнете нешто над 100 пати, на 100 различни начини, пред конечно да допре до вас? Долунаведените вистини, во вчерашниот прв дел: Ова се 10-те очигледни вистини, кои прерано ги забораваме – I дел,влегуваат во таа категорија – животни лекции кои многу од нас најверојатно ги искусиле пред неколку години, но од било која причина, целосно не ги сфатиле. Во денешниот втор дел, ќе прочитате за преостанатите вистини, кои ви го промениле или ќе ви го променат животот. 6. Некои луѓе имаат погрешно мислење за вас
Ќе бидете големи како луѓето околу вас, само ако бидете доволно храбри да ги оставите оние кои ве забавуваат во животот и ве влечат надолу. Не треба да имате односи со луѓе кои постојано ве прават да се чувствувате помалку неверојатни.
Ако некој ве прави да се чувствувате непријатно и несигурно секој пат кога сте со него, тој веројатно не ви е близок пријател. Ако се чувствувате емотивно исцедени по дружењето со нив, слушајте ја вашата интуиција. Има толку многу „вистински луѓе“ за вас, кои ќе го инспирираат најдоброто во вас.
7. Не е работа на другите да ве сакаат, тоа е ваша одговорност
Важно е да бидете добри кон другите, но уште поважно е да бидете добри кон себе. Вие морате да се цените себеси, за да добиете нешто во овој свет. Знајте си ја својата вредност, дури иако другите не ја знаат.
Дозволете некој да ве сака на начинот на кој што сте.
8. Ти не си тоа, што го поседуваш
Вие мора да создадете сопствена култура. Не гледајте телевизија, не читајте модни списанија и не ги гледајте вечерните вести. Најдете сили да го пополните времето со значајни искуства. Времето и просторот што ги имате во овој редок момент е ЖИВОТОТ и ако се грижите за Ким Кардашијан и Леброн Џејмс или некои друго познато лице, вие сте немоќни. Го давате својот живот на маркетингот и медиумските измами, креирани од големите компании за мотивација да се облекувате на одреден начин, да изгледате на одреден начин и да бидете на одреден начин. Ова е трагично и претставува „перење на мозокот“ од страна на Холивуд. Тоа што е вистинското, сте ВИЕ и вашите пријатели и вашето семејство, вашата љубов, надежин планови, стравови итн.

9. Секоја секунда се се менува
Прифатете ја промената и сфатете дека се се случува со причина. Никогаш нема да биде очигледно на прв поглед, но на крајот ќе биде достојно за тоа.
Тоа што имате денес, може да имате и утре. Никогаш не се знае. Работите се менуваат, често спонтано. Луѓето и околностите доаѓаат и си одат. Животот не запира за никого. Се движи брзо од смиреност до хаос во прашање на секунди. Тоа веројатно му се случува на некој близок до тебе.
Сепак, колку и да е добра или лоша ситуацијата, таа ќе се промени. Тоа е единственото нешто на кое може сигурно да сметате. Затоа, кога животот е убав, уживајте во него. Не одете во потрага по нешто подобро. Среќата не се појавува кај оние кои не го ценат тоа што го имаат, додека го имаат.
10. Секогаш ќе го живеете животот што самите сте го создале
Вашиот живот е само ваш. Другите може да се обидат да ве убедат, но не можат да одлучуваат за вас. Тие можат да одат со вас, но не во вашите обувки. Затоа осигурајте дека патот, по кој што одите соодветствува со вашата интуиција и желби и не се плашете да ги промените патеките, ако имаат смисла. 6. Некои луѓе имаат погрешно мислење за вас
Ќе бидете големи како луѓето околу вас, само ако бидете доволно храбри да ги о

Пронајдете не на следниве мрежи: