Ние сите доживуваме неуспеси од време на време. Иако ова е нормално чувство, ќе мора да се најде начин да се видите самиот себе и вашиот живот во една поинаква перспектива. Понекогаш ги игнорираме „малите нешта“. Само затоа што не сте милионер, не живеете во замок и не возите модерен автомобил, тоа не значи дека сте тотален неуспех. Всушност, тоа е сосема спротивното.Во продолжение прочитајте за овие 18 знаци, кои ќе ви покажат дека имате успех во животот:
1. Вашите односи се помалку драматични отколку што беа претходно
Драмата не е зрелост. Како што старееме, ние треба да станеме позрели. Па можеби и вашите односи беа исполнети со драма во минатото, но ако сте го надминале тоа, тогаш навистина сте успешни.
2. Повеќе не се плашите да побарате помош и совети
Барањето помош не значи дека вие сте слаби. Всушност, тоа е сила. Ниту едно лице некогаш не успеало ако било во изолација. Потребна е тимска работа за да се остварат целите. Барајќи помош е знач дека сте израснале како личност.
3. Вие ги покренувате вашите стандарди
Повеќе не толерирате лошо однесување од други луѓе, па дури и од себе. Ги сметате луѓето одговорни за своите постапки. Не поминувате повеќе време со „енергетски вампири“ во вашиот живот.
4. Ги напуштате нештата кои ви прават да се чувствувате лошо
Не, ова не изгледа како нарцисоидно, иако би можело така да звучи. Самољубието е успех. Сакајте се себеси, доволно за да кажете „не“ на нешто што не ве прави среќни, не ја служи вашата цел, или ве влече надолу.
5. Имате научено дека неуспесите се дел од самостојниот раст
Секој не може да има 100 % успех. Тоа не е реално. Животот се состои од победи и порази. Затоа погледнете во вашите неуспеси како етапи кон нешто подобро. Во реалноста, навистина не постои такво нешто како што е неуспех. Сето тоа е само дел од чудесно патување.
6. Имате поддршка од луѓе кои ќе направат се за вас
Ако досега сте ги препознале луѓето кои цело време се тука за вас и луѓето кои ве лажат, тогаш навистина сте успеале. Ова е болно согледување, но што ги научите знаците на предавство, можете да се држите настрана од тие луѓе.
7. Не жалете многу
Затоа што навистина не постои нешто за што би се пожалиле. Освен ако навистина не сте поминале низ некое ужасно искуство и имате незамисливи загуби. Успешните луѓе живеат во простор од благодарност.
8. Можете да ги прославите успесите на другите
Само затоа што другите луѓе се успешни, тоа не значи дека вие сте неуспешни. Аплаудирајте им на луѓето кои се на врвот. Колку што давате повеќе позитивна енергија за победите на другите луѓе, толку повеќе си создавате своја енергија.
9. Постои страст кон која се стремите
Вие не стагнирате. Знаете дека има нешто прекрасно што ќе придонесе кон светот. Имате уникатен талент и подарок. Не само што го знаете тоа, туку и се стремите.
10. Постојат нешта, поради кои гледате напред во животот
Ако немате возбудливи нешта во вашиот живот, тогаш полека умирате внатре. Успешните луѓе создаваат цели кои се страствени кон извршување. Тие прават оваа возбуда да ги следи низ целиот нивен живот.
11. Имате емпатија за другите
Човек без емпатија е мртов внатре. Емпатијата е еднаква на ширењето љубов и позитивна енергија низ светот. Успешните луѓе го знаат ова. Тие ги сакаат другите како да се едно семејство.
12. Вие сакате длабоко и отворени сте себеси за да бидете сакани од другите
Љубовта е ризична и понекогаш страшна за луѓето. Тоа е една работа кон која сите се стремиме, но исто така е тесно поврзана за едно нешто од кое најмногу се плашиме – отфрлањето. Ако го отворите вашето срце доволно за да сака и да бидете сакани, тогаш сте успешни.
13. Одбивате да бидете жртва
Знаете дека животот не се случува туку така. Многу пат, вие сте креатор на вашите животни искуства. Успешните луѓе го знаат ова и одбиваат да бидат разочарани од животните искуства. Го надминуваат секој проблем со кој се соочени.
14. Не се грижите што другите луѓе мислат за вас
Знаете дека не можете да ги задоволите вкусовите на сите. Знаете дека стандардите со кои општеството им суди на луѓето се многу пати нереални. Така да само бидете верен на себе и сакајте ја личноста која сте.
15. Секогаш гледајте на светлата страна
Животот може да биде полн со разочарувања – ако решите да ги видите на тој начин. Во спротивно, тие се животни лекции. Ниедно негативно искуство не е залудно, се додека учите од него.
16. Прифаќате се што не може да се промени
Соочете се, постојат многу работи кои не можете да ги промените во животот. Се што можете да промените е начинот на кој можете да видите што се случува. Ако можете да ја промените вашата негативна перспектива на ситуацијата во позитивна, тогаш сте успешни.
17. Можете да го промените само тоа што е променливо
И соочете се повторно, постојат многу работи кои можете да ги промените во животот. Успешните луѓе не седат само околу прифаќање на негативните работи, кои можат да бидат променливи. Тогаш не седете само и сторете нешто околу тоа!!
18. Вие сте среќни
За мене, ова е крајната дефиниција за успех. Не е важно колкав е билансот на вашата банкарска сметка, колку е голема вашата куќа или на колку скапи одмори ќе отидете. Ако сте задоволни и среќни, тогаш навистина сте успешни во животот.
Дури и ако не се гледате себеси во многу од овие 18 нешта, не се грижете. Во ред е. Бидете среќни што се препознавате само во неколку. Во меѓувреме, останатото ќе си дојде на свое место. Вие само треба да се движите напред во животот!Во продолжение прочитајте за овие 18 знаци, кои ќе ви покажат дека имате успех во животот:
1. Вашите односи се помалку драматични о



