Ова се 5 најлоши причини поради кои луѓето стапуваат во брак!

„Не постојат многу добри причини за брак, можам да се сетам само на една а таа е -Потребата за брак -Желбата за брак не е најдобра причина, затоа што желбите често се менуваат или пак доагаме до заклучок дека не биле добри. Од друга страна, постојат милион и едена причина против бракот“. пишува Pol Hadson, американски блогер и новинар.Мегутоа и самиот Pol признава дека тоа е претерано, но потенцира дека постојат многу погрешни причини да стапат во брак. И за жал, од тие причина луѓето обично застануваат на „лудиот камен“.
Еве неколку причини поради кои НЕ треба да стапите во брак:
Притисок од пријателите и семејството
Вашата мајка веројатно штом наполнивте 21 година постојано ве прашува кога ќе стапите во брак, додека пак вашата баба тоа прашање почна да ви поставува веднаш, штом наполнивте 18години. Тука е и вашиот дедо кој веројатно ви вели „Што и да правите, никако да не стапувате во брак, бидејки животот е премногу краток“ се разбира, дека се шегува со вас, но тој е еден од ретките кој не ви создава притисок . Дури и ако вашата мајка и баба не ги поставуваат тие прашања сериозно, сеедно тие сепак ви создаваат притисок.
Тука исто така е и фактот дека свадбата се чини дека заразна. Сигурно сте забележале група пријатели, во кои луѓето често се одлучат за таков потег во исто време? Исто како епидемија која полека се шири. Би било убаво ако се направи вакцина за оваа епидемија, но сега за сега ќе морате да научите како да бидете отпорни.

 

Страв од осаменост
Ова е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, бидејки не се навикнат на осаменост. Никој не е среќен кога сум, што повеќе осаменост тоа значи – тага. Но морате во животот да се навикнете и на малку тага, и наместо да бегате од самотијата – треба да ја прифатите.
Впрочем, подобро е да се биде сам, отколку во врска во која што никогаш нема да бидете среќни. Проблемот е во тоа што многу луѓе таа празнина што ја чувствуваат, се обидуваат да ја пополнат со друга личност, а стапувањето во брак го гледаат како решение за да не се биде сам. Не се плашете од осаменоста, бидејќи тоа е нешто што не можете да го контролирате.
Чувство дека ова е вашиот максимум
Сте нашле партнер, а не дека сте луди по него, но мислите дека не можете да најдете некој подобар од него. Ова е вашиот врв, и мислитедека нема да најдете подобар, и одлучувате да го кажете судбоносното “да”. Но поентата на бракот не е да ја најдете најпаметната, најубавата и најдобара по изглед личност во светот – туку да ја најдете некој кој совршено е прилагоден за вас.
Ако вие со вашиот партнер се чувствувате како сигурно да неможете да најдете некој подобар / подобра од него – ова е јасен знак дека вие не треба да стапите во брак. А ако знаете дека можете да најдете подобар, но не сакате да барате, тое е вистинска причина.

 

Копнете за деца
Ова е една од оние причини што секој ги разбира, но тоа не значи дека тоа е точно. Биолошки часовник отчукува, а вие се венчате само за да имате деца на време. Тажен факт е дека на овие деца имаат потреба од семејство во кое се сакаат родителите едни со други, а не родители, кои ќе се караат цел живот.
Деца никогаш не треба да бидат причина за брак.
Затоа што така треба
Сте израснале во општество во кое сте никој и ништо, ако не сте нашле партнер и дека тоа е исто како и со децата поентата на вашиот живот. Затоа и нека не ви биде тоа чудно што многу луѓесе одлучуваат токму поради оваа причина да стапат во брак.
Запомнете, вие треба да правите само она што сакате да го направите а не она за што ви говорат другите дека е дојдено време.Мегутоа и самиот Pol признава дека тоа е претерано, но потенцира дека постојат многу погрешни причини да стапат во брак. И за жал, од

Пронајдете не на следниве мрежи: