Размислувате да започнете со јога? Според една анкета од 2012 година од Асоцијацијата за произведување спортска опрема, повеќе од 22 милиони луѓе практикуваат јога во САД, поради добра причина. Менталната и физичката награда од јога е вредна за тоа – релаксација, подобар сон, зголемена концентрација и многу повеќе. Ако се обидувате да соберете мотивација за да започнете, прочитајте ги следниве 5 причини за да добиете инспирација за вежбање.
Јогата го подобрува вашето расположение
Ако се чувствувате чудно, јогата може да обезбеди природен „буст“ на вашето расположение. Една студија од 2011 година од Медицинскиот универзитет во Бостон откри дека јогата го подобруа расположението и ја намалува анксиозноста . Ова се должи на нивото на гама-аминобутерна киселина (ГАБА) во мозокот, која се зголемува додека вежбате јога. Други истражувања покажаа поврзаност меѓу ниското ниво на ГАБА и депресија. Затоа започнете со јога и подобрете го вашето здравје и среќа.
Јогата ви помага да имате поголем сон
Ако се превртувате и не можете да заспиете, јогата може да ви помогне да заспиете. Една студија од 2004 година, објавена во весникот „Applied Psychophysiology and Biofeedback“ открија дека јогата ги намалува разбудувањата што се придонесени од несоница. Луѓето изјавија дека имаат подобра ефикасност на спиење, подолго спиење и будење поретко во текот на ноќта.
Јога е вежба што секој може да ја практикува
Јогата е достапна за сите индивидуалци. Тоа е активност која ви овозможува да се движете на во свое темпо и да се поттикнете себеси. Повеќето пози имаат некој варијации, од основни до напредни и модификации за широк спектар на повреди. „Без разлика на вашата возраст, тежина, сила или ниво на флексибилност, јогата е за секој и секого“, вели учителката по јога, Лаура Буркхарт. „Тоа е активност која може да се практикува и на поодминати години“.
Јогата е добар начин да запознете нови луѓе
Секоја група за тренинг е добар начин да запознаете нови лица, со кои делите исти интереси. Лаура Баркхарт, основач на „Yoga Reach International“, откри дека јогата е здрав начин да се изгради заедница. „Денешните најдобри пријатели ги запознав преку јога“, вели таа.
Јогата ја поттикнува довербата
Со новите пози расте вашата доверба во вашата физичка вештина и способност да научат нешто ново. „Како што праксата гради сила во нашите тела и умови, ние почнуваме да стануваме повеќе уверени во самите себе и нашите одлуки“, вели Џесика Реј, јога учител во едно студио. „Практиката е одличен потсетник за тоа колку сме посилни отколку што мислите, и физички и психички“. Ќе добиете поттик на самодоверба, додека се ангажирате во активности кои се корисни за вашето тело и ум. Според една анкета од 2012 година од Асоцијацијата за произведување спортска опрема, повеќе од 22 милиони луѓе практикуваат јога во САД, поради доб


