Ова се 6-те лица, кои се излечија од дијабетес за 30 дена, со само една промена – I дел

Дијабетесот е една од најпознатите неконтролирани болести на нашето време. Според Американската дијабетичка асоцијација, во 2012 година, 29 милиони Американци или 9,3 % од населението, имаат дијабетис. Во денешниот прв дел ви ги прикажуваме 6-те лица и пристапот до нивното излекување. 
 Според сегашниот пристап, главна цел во лекувањето на дијабетисот е да се минимизираат какви било нивоа на шеќер во крвта, без да се спушти нивото на шеќер. Дијабетисот тип 1 се третира со инсулин, вежбање и дијабетичка диета. Типот 2 се третира прво со намалување на телесната тежина, дијабетис исхрана и вежбање. Во моментов, според Американската дијабетичка асоцијација : „Дијатебисот е хронична болест за која нема лек“.
Но, што ако би можеле, не само да го спречиме дијабетисот пред да се појави, туку и целосно да го излечиме, откако ќе се појави?
Тестирање на 6 лица, кои целосно се излечија од дијабетис за 30 дена
Во филмот „Simply Raw“ : Лекување на дијабетисот за 30 дена, при што 6 лица беа искористени, од кои сите со различни животни стилови и услови, но сите со дијагностициран дијабетис, од кои 5 лица со тип 2, а едно со тип 1. Секое лица користеше инсулин.
Дијабетис тип 1: телото не произведува инсулин. Инсулинот помага телото да користи глукоза од храната за енергија. Лицата со дијагностициран тип 1, треба секој ден да примаат инсулин.
Дијабетис тип 2: телото не произведува или прима доволно инсулин. Лицата со тип 2 треба да пијат апчиња или користат инсулин. Тип 2 е најчестиот облик на дијабетис.

Учесниците во оваа програма беа:
Остин (25), не само што има дијабетис тип 1, туку има и проблеми со пиењето.
Кирт (25) има ниво на шеќер во крвта, кое изнесува 1200, а нормалната граница е 100. Неговиот доктор изјави дека досега требало да биде мртов.
Бил (58) одеше на кардиолог и имаше невропатија. Тој не можеше да си ги почувствува нозете.
Мишел (36) имаше зголемена телесна тежина.
Хенри (58) користеше инсулин, како и 9 таблети дневно. Нивото на шеќер во крвта му беше 464.
Пем (62) имаше зголемена телесна тежина. Неговиот татко, брат и сестра, исто така се дијабетичари.
Методот
Пристапот на Габриел Кузенс значи дека дијабетичарите ќе се излечат, ако ја сменат нивната исхрана. Тој вели дека истражувањето покажува како во однос на здравјето, љубителите на месо имаат 4 пати повеќе шанси да добијат рак на дојка, 3,6 пати повеќе да добијат рак на простата и 4 пати повеќе да добијат дијабетис. Ако конзумирате само млеко, шансите да добиете леукемија, се 3 пати повеќе. Тоа значи дека храната преставува лекот за дијабетичарите.
Со медицински надзор, сите лица ги користеа нивните лекови, кои им беа потребни и јадеа од предвидената храна, која ја обезбеди Габриел и неговиот тим од „Tree Of Life Reiuvenation Center“.  
Во утрешниот втор дел ќе прочитате за промените во нивното здравје, откако ја поминаа предвидената програма: Ова се 6-те лица, кои се излечија од дијабетис за 30 дена, со само една промена – II дел.Според сегашниот пристап, главна цел во лекувањето на дијабетисот е да се минимизираат какви било нивоа на шеќер во крвта, без да се спушти нивото

Пронајдете не на следниве мрежи: