Ова се чаевите кои треба да ги консумирате пред спиењето!

Недостатокот на сон негативно се одразува на состојбата на организмот, а со тоа се отежнува и извршувањето на секојдневните обврски.Доколку состојбата на несоница трае подолг период и се јавува речиси секоја вечер, секако е потребно да побарате стручна помош. 
Меѓутоа, кај поблагите и поретки облици кои се јавуваат повремено, можат да ви помогнат и билните чаеви.
Чај од маточина
Еден од најпознатите чаеви против несоница е чајот од маточина. Ставете една лажичка сушени листови маточина во 2 децилитри зовриена вода, оставете да отстои околу 10 минути, а потоа процедете. Вака приготвениот чај се консумира половина час пред спиењето.
Чај од лаванда
Чајот од лаванда е познат како напиток кој ја смирува нервозата и ги опушта мускулите, а со тоа делува благотворно и кај несоницата. Ставете две лажички цветови од лаванда во 2 децилитри зовриена вода, оставете да отстои 10-15 минути, а потоа засладете го со мед и испијте го пред спиењето.
Чај од мајчина душичка
Овој чај ќе ви помогне побрзо да заспиете, ќе ве опушти и ќе ја намали напнатоста и тегобите. Припремете го така што ќе ставите една лажичка мајчина душичка со 2 децилитри зовриена вода. Оставете да отстои половина час, а потоа консумирајте го пред спиење.
Чај од хмељ
Хмељот е природен лек за несоница бидејќи неговите етерични состојки ги смируваат нервите и нервниот систем. За припрема на овој лековит чај прелијте 2 лажички хмељ со 2,5 децилитри зовриена вода и поклопете го. Оставете да отстои 20 минути, а потоа испијте го половина час пред спиењето.
 Доколку состојбата на несоница трае подолг период и се јавува речиси секоја вечер, секако е потребно да побарате стручна помош. 
Меѓут

Пронајдете не на следниве мрежи: