Владата на СДСМ преку Министерството за образование ги укина дисперзираните студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а на другите универзитети ги редуцираше.Откако првата работа која ја направи владата на СДСМ беше укинување на екстерното тестирање, најновата „реформа“ во образованието е укинувањето на дисперзираните студии.
Во продолжение можете да ја видите минатогодишната понуда на дисперзирани студии од Министерството за образование, кои оваа година СДСМ ги укина.
ФИНКИ
-Дисперзирани студии по информатика во Тетово – понудени 50 места.
Машински факултет
-Дисперзирани студии по производно инжинерство во Кавадарци – понудени се 80 места.
-Дисперзирани студии по производно инжинерство во Струга – понудени се 80 места
Технолошко металуршки факултет
-Дисперзирани студии по металургија, дизајн и менаџмент во Кавадарци – понудени се 80 места,
-Дисперзирани студии по конфекциско инжeнерство во Крива Паланка – понудени се 80 места,
Економски факултет
-Дисперзирани студии по е-бизнис во Тетово понудени се 30 места,Дисперзирани студии сметководство и ревизија во Велес – понудени се 30 места
Правен факултет
-Дисперзирани правни студии во Тетово – понудени 30 места,
Факултет за земјоделски науки и храна
–Дисперзирани студии по градинарство и цвеќарство (8 семестри) во Гевгелија – понудени се 80 места,
-Дисперзирани студии по производство и преработка на тутун (8 семестри) во Прилеп – понудени се 80 места.
На укинувањето на дисперзираните студии реагираа и младите. Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски денеска на Фејсбук напиша дека ако продолжат вака ќе го укинат и образованието во Македонија.
– Денес илјадници студенти имаат право да бидат лути на новата Влада. Но, ова е само почеток. Веќе месец дена ќе помине немаат една работа воведено, освен укинување на проекти, напиша Нелоски.Откако првата работа која ја направи владата на СДСМ беше укинување на екстерното тестирање, најновата „реформа“ во образованието е уки