Постојат делови од телото на кои многу луѓе забораваат да нанесат крема за сончање,а баш тие делови имаат ризик за развивање на рак на кожата.Тие се…
Ушите
Судејќи според американското истражување во 2007 година ракот на кожата на ушите е трет по учество помеѓу раковите на кожата. Се смета дека тоа е така бидејќи луѓето едноставно забораваат да ги намачкаат ушите со заштитна крема.
Капаците
Признајте и вие заборавате да ги намачкате капаците иако сигурно знаете дека кожата на тоа место е тенка и нежна. Можеби мислите дека ве штитат наочарите но… тие не заштитуваат целосно.
Пазувите
Кога се излежувате на плажата барем во некој момент ги ширите рацете додека уживате и сонцето без проблем ќе допре до вашите пазуви. А кога последен пат сте ги намачкале? Ако сте како и многумина веројатно никогаш. Тоа место е доста чувствително и затоа штитете го со крема за сончање.
Места кои се покриени со вашето бикини
Сонцето нависина не може да продре под ткаенината но додека се бањате, одите или лежите но вашето бики се поместува и ви ја открива кожата. Затоа најпаметно е да се намачкате додека суште сте во затворен простор, голи а потоа да ги облечете бикините.
Предниот дел од стапалата
Од некои причини луѓето често забораваат да го намачкаат предниот дел од стапалата и ножните прсти а баш тој дел најбргу темнее. Тоа е причината што на тој дел се предизвикуваат често изгореници а нажалост и малигни промени.
Дланките
Признајте кога ќе се намачкате со заштитна крема веднаш одите да ги измиете рацете бидејќи не сакате масната крема да остане на нив. Но дали некогаш сте размислиле за заштита на вашите дланки?Да и на нив им е потребна заштита.
Задниот дел од коленото
Ова е исто така дел од телото кои многу луѓе го забораваат а истражувањата покажуваат дека баш на тој дел од телото има ризик за појава од меланом.Тие се…
Ушите
Судејќи според американското истражување во 2007 година ракот на кожата на ушите е трет по учество


