Жените им се поатрактивни на мажите во есенскиот период, бебињата родени во периодот помеѓу септември и декември имаат поголеми шанси да ја доживеат и стотата година, но затоа имаат поголеми шанси да имаат вишок килограми и чувство на депресија.За едни најтажното, за други најубавото годишно време – есента е вечна инспирација за уметниците. Нејзиното влијание врз „обичните смртници“ воопшто не е мало.
Така, нивото на тестостерон кај припадниците на двата пола е највисоко во есен. Жените им се поатрактивни на мажите во поладните денови, што научниците го објаснуваат со повишеното ниво на тестостерон, но и со ефектот на контраст – дамите во лето носат помалку облека, а голотијата на секој чекор создава ефект на заситување.
Есента е период кога мажите се повеќе подготвени да гледаат романтични комедии, бидејќи чувството на свежина создава копнеж по топлина. Како љубовта цвета со паѓањето на лисјата, потврдува и истражувањето на Фејсбук, кое вели дека поголем број од луѓето токму тогаш почесто ги менуваат статусите од „сингл“, во „свршени“ или „во врска“.
Статистиката вели дека родените во периодот помеѓу септември и декември имаат поголеми шанси да доживеат длабока старост. Исто така, есенските и зимските деца се поталентирани за спорт од оние кои што се родени во потоплите годишни времиња.
Сепак, есента не е добра за сите. Истражувањата потврдуваат дека тогаш е поголема веројатноста за добивање на вишок килограми, бидејќи тогаш повеќе внесуваме јаглехидрати. И депресијата е почеста, а не е помалку битен податокот дека жените во есен губат повеќе коса.За едни најтажното, за други најубавото годишно време – есента е вечна инспирација за уметниците. Нејзиното влијание врз „обичните смрт



