Ова се грешките кои ги правите додека ја миете косата

Дали знаете како правилно се мие косата? Размислете уште еднаш. Научниците открија пет грешки кои скоро сите ги прават додека ја мијат косата.1. Користите ист шампон седум дена во неделата, 365 дена во годината…
Не само што така ја миете косата премногу ( секој втор ден е доволно често ), но од време на време би требало да го менувате шампонот за да ги промените некои од состојките кои тие ги содржат. По неколку месеци заменете го шампонот со некој друг кој има различни состојки. Исто така, еднаш месечно, ако сте во можност, користете шампон за длабинско чистење на косата.
2. Не ја навлажнувате убаво косата, пред да ставите шампон
Без доволно вода, шампонот не може убаво да ви ја измие косата. Затоа барем една минута подолго стојте под тушот додека косата целосно не се накваси со вода, а потоа нанесете шампон.

3. Секогаш го започнувате миењето нанесувајќи шампон на истото место на главата
Сте забележале дека врвот на главата ви е сув или дека косата почнува да ви паѓа? Обидете се да ја промените вашата рутина и почнете шампонот да го нанесувате од вратот до врвот на главата.
4. Премногу силно масирате
За да избегнете оштетување на вашата коса, главата масирајте ја нежно со прстите, а не со сите прсти и целата дланка.
5. Шампонот го измивате со топла вода
Плакнењето со топла вода ја суши косата и скалпот. Користете млака вода, која ќе помогне и да се задржи бојата на вашата коса, ако сте фарбани. 1. Користите ист шампон седум дена во неделата, 365 дена во годината…
Не само што така ја миете косата премногу ( секој

Пронајдете не на следниве мрежи: