Ова се најчестите имиња на Балканот!

Александар и Марија се најчести имиња во Македонија. Од машките, Зоран и Никола се на второ и трето место, а Билјана и Елена се меѓу најчестите женски имиња.Еве кои се најчести имиња во останатите балкански земји
Хрватска – Лука и Петра
Во Хрватска родителите се доста предвидливи за тоа како ќе ги крстат своите машки деца. Лука и Иван се најчестите низ годините, додека повремено се менуваат имињата на девојчињата. Според истражувањето на агенцијата Анадолија, најчестите имиња за 2011 година биле Лука и Лана, меѓутоа во последно време името Петра се наоѓа на првото место. 
После Петра, доста популарно име е Лучија.
Србија – Драган и Милица
Податоците од последниот попис на населението во Србија 2012 година, велат дека најчестите машки имиња се Драган, Милан и Александар, додека родителите најчесто девојчињата ги крстат Милица, Јелена и Марија.
Словенија – Лука и Ева
Библиските имиња се наоѓаат на чело во Словенија. Имено, најпопуларно машко име е Лука, а потоа Ник и Жан. Кај девојчињата најзастапено е Ева, Сара и Лара.

 
Босна и Херцеговина – Амар, Лука, Амина и Марија
Најпопуларните машки имиња во Босна и Херцеговина се Амар и Лука. После нив следуваат Тарик и Ведад, Стефан и Никола.
Кога станува збор за девојчиња, најчестите имиња се Амина и Марија.
Црна Гора – Никола и Јелена
Според пописот од 2011 година во Црна Гора најчестите имиња за девојче се Јелена и Милица. За разлика од најчестите женски имиња кои се слични со оние од Србија, најзастапените машки црногорски имиња се Никола и Марко.Еве кои се најчести имиња во останатите балкански земји
Хрватска – Лука и Петра
Во Хрватска родителите се доста пр

Пронајдете не на следниве мрежи: