Дали се осмелувате да ги реализирате своите сексуални фантазии? Оние кои го направиле тоа велат дека тоа е многу повеќе од возбуда.
Еве и зошто!Без разлика дали станува збор за униформи или посебни реквизити, фетиш се дефинира како специфична сексуалната желба или привлечност кон некој предмет, идеја или дел од човечкото тело. Психолозите веруваат дека фетишот го прави сексот поинтересен, и тоа е сосема нормално, и дека секој има некој вид на фетиш.
Анален секс
Аналниот секс е чест фетиш на многумина, а во последните неколку децении стана широко распространет речиси и како стандардениот секс.
Аналниот секс не треба да се реализира до крајот, може да вклучува и само стимулација на анусот на вашиот партнер, тоа подеднакво важи и за мажите и за жените. За анален секс често ќе се рече дека или го сакате или мразите, и генерално се практикува во долги врски. Започнува со загревање, во кое е потребно релаксација на телото, за односот да не биде болен, а за таа цел постојат и многу лубриканти како и други сексуални играчки.
Остварување на фантазиите
Фантазијата е специфично сценарио кое ве возбудува сексуално, често може да биде мрачно и да биде надвор од поимот за нормален секс. Сексолозите сите парови кои сакаат да го збогатат сексуалниот живот им предложуваат да ги реализираат фантазиите. Единственото правило е таа фаднтазија да не ве загрозува, и да не е спротивно од вашите размислувања, на пример за доведување на трет човек во кревет треба да се согласуваат двете страни. Искористете сè околу вас – фустани, секси танци, фотографирајте се, правете сè велат сексолозите.
Врзување
Врзувањето е еден од најчестите фетиши, а се темели врз основа на игра на доминација и потчинување. Можете да се врзуватее со лисици, шал или било какво друго парче ткаенина, а еден од највозбудливите фактори е дека оној кој е врзан мора да го „толерира“ сето она што партнерот го спремил. Ако веќе ви здосадило вообичаеното врзување, размислете за купување на превез за очи, штипалки за брадавици и слични играчки.
Љубовен триаголник
Популарната тројка е сексуално искуство помеѓу три лица, без разлика дали станува збор за за две жени и еден маж или двајца мажи и една жена. Меѓу мажите е многу повеќе популарна тројка со две жени, додека кај жените популарна е онаа со двајца мажи. Ако имате сигурност во вашата врска, и остварувањето на таквите фантазии не го гледате како закана за опстанокот на врската, осмелете се во кревет да донесете и трето лице за да доживеете крајна возбуда. Подобро е доклоку се работи за некој не толку познат пријател/ка, а кој им се допаѓа и на двајцата партнери.
Сексолозите велат идеална тројка е вие да не сте во врска и му се приклучите на некој пар. Податоците покажуваат дека повеќе од 60 % од врските се распаднале по вакви активности, па затоа е неопходно да размислите два пати пред да се одлучите за нешто како ова.
Валкани разговори
Еден од најлесно изводливите фетиши, претставува најголем предизвик кај срамежливите луѓе традиционално воспитани. Шепотење на валкани зборови може да биде и неизвесно доколку не знаете како вашиот партнер ќе реагира на тоа. Сексолозите препорачуваат да започнете со нешто поумерено, и ако видите дека вашиот партнер го сака тоа, станете покреативни.
Побарајте и од другата страна да зборува „валкани работи“ и така повеќе ќе се возбудите. Овој фетиш може да ви користи и како предигра, на вашиот партнер зборувајте му за својата омилена фантазија, е тоа е совршена увертира на секс.
Сајбер секс
Ова е еден вид на фетиш кој стана екстремно популарен со проширувањето на технологијата, а сЕ она што ви е потребно е интернет и компјутер со камера. Предноста на сајбер сексот, ако сте сами можете да уживате комплетно анонимно.
Со сајбер сексот се занимаваат и многу луѓе кои се во врска без да знае нивниот партнер. Додека некои сметаат дека овој вид на забава во врска е сосема дозволен и не ја загрозува, бидејќи не постои физички контакт, додека други не се согласуваат воопшто.
Ако сте во врска, а сајбер-сексот е вашата фантазија, дознајте што вашиот партнер мисли за тоа, па ако има позитивен став, можете и него да го вклучите.Без разлика дали станува збор за униформи или посебни реквизити, фетиш се дефинира како специфична сексуалната желба или привлечност кон некој пред