Ова се најчудните појави кои се случуваат ДОДЕКА СПИЕТЕ: Онаа под 6 ќе ве ЗАПРЕПАСТИ

Ова се најчудните работи кои можат да ви се случат во сон. Сигурно некогаш сте оскусиле некои од нив. Еве зошто се случуваат такви работи.Сонот не е никакво необично случување, но може да се случи да искусите некои чудни работи кои ќе ве остават збунети. Лекарите објаснија зошто некои од тие работи се случуваат. Ова се некои од чудните појави во сонот.
1. Чувство на паѓање
Веројатно некогаш сте сонувале дека сте се препнале или сте паднале од велосипед па шокирани се будите одеднаш во грч. Вашето тело е обично  парализирано додека спиете, но некогаш почнувате да сонувате пред телото да ви се „изгаси“. Д-р В. Кристофер објаснува дека тоа често се случува кога сте многу уморни или ненаспани па вашиот мозок влегува во сон пред вашето тело.
2. Парализа
Понекогаш се будите наутро и не можете да поместите ниту еден мускул. Ова може да трае од неколку секунди до неколку минути и може да биде прилично застрашувачко. Станува збор за феноменот спротивно од чувството на паѓање – мозокот ви се буди пред телото.
3. Месечарење
Месечарењето, односно одењето во сон, може да биде многу опасно бидејќи несвесно може да завршите на улица или пред воланот на некој автомобил.
– При месечарењето се будите само онолку колку на вашето тело му е потребно за движење, но не доволно за мозокот да ви биде буден – објаснува д-р Винтер.

4. Зборување во сон
Ова обично трае 30-тина секунди, а често се случува за време на првите час-два соништа, кога вашето тело влегува во длабок сон, а мускулите се уште се активни.
5. Соништа кои се повторуваат
 Д-р Винтер објаснува дека повторувачките соништа можат да се случат кога вашиот мозок се обидува да реши некои психолошки проблеми. Често се делумно засновани на стварноста, како што се некои трауматични случувања.
6. Секс за време на спиењето
Едно истражување во кое учествувале повеќе од 800 пациенти од центарот за пореметувања при спиење, покажало дека 8 отсто од нив доживеале „сексомнија“, т.е. дека започнале секс со партнерот во сон. Тоа е слично на месечарењето – сте се разбудиле доволно за да може да се движите, но вашиот мозок се уште не е сосема буден.
7. Синдром експлозија на главата
На некои луѓе им се случува да се разбудат откако слушнале многу јака бучава како експлозија или дури чувство дека главата ќе им експлодира. Станува збор за вид на хипнички грч, кога телото се уште не ви е парализирано. Сонот не е никакво необично случување, но може да се случи да искусите некои чудни работи кои ќе ве остават збунети. Лекарите објаснија зошто некои

Пронајдете не на следниве мрежи: