Нема идеален човек, но се согласувате ли дека еден човек може да си ги прифати своите недостатоци, додека друг не би го направил тоа во никој случај. Затоа е добро да се знае со какви работи ќе се судриме во името на љубовта, пријателството или бизнисот. И тука астрологија доаѓа на помош. Имено, секој знак си носи негативни особини . Да погледнеме кои се…
Овен
Тој се брза! Не стои на едно место и се лути на оние кои што живеат пасивно. Ако сакаме да ве уништиме би ве советувале да му укажете на Овнот дека треба да држи одреден ритам. Нема шанси! Не само што не слуша совети, туку и ќе ве „реши“ ако инсистирате дека сте во право.
Бик
Биковите се страшно алчни. Иако според нив тоа е повеќе благоразумност и штедливост. Подготвени се на сè, за да ја добијат својата материјална корист, макар и да го зафркнат најдобриот пријател. Ништо лично, само бизнис!
Близнаци
Не знаат за замолчат! Задолжително имаат „компетентно” мислење и за работи што воопшто не ги разбираат. Соодветно на тоа, подобро никогаш не споделувајте со нив тајна , освен ако стратешки сакате истата да биде „отпакувана“ на вистинското место.
Рак
Не само што си живеат во минатото , туку и „добар ден” да им кажеш, тие ќе погледнат за да проверат дали е светло надвор. Ужасно се недоискажани! Освен тоа патат од маниакалност. Нема да се двоумат да ве изманипулираат ако стоите близу до нив.
Лав
Гордост е слаб збор ! Тие се центарот на универзумот, а животот е токму таков, каков што тие го гледаат. Навечер плачат ако не се лидери, не прифаќаат мислење различно од нивното. „Разговаравме и решив!” – ете тоа е начинот на Лавот.
Девица
Толку се заглавени во својата „точност” што и цитирање на дрвени филозофи нема да ги замисли дека нивниот начин на живот не е ментално здрав. Се грижат и критикуваат се нешто не е направено како што треба и се лутат ако некој се посомнева во нивната дискреција. Освен тоа не прифаќаат шега на своја сметка. И да се смешкаат, само после неколку секунди ќе слушнете како злобно го возвраќаат ударот.
Вага
Тие си живеат во своја димензија каде што идеализираат сè. Оваа апсурдна наивност која тие ја дефинираат како објективност, може да го полуди секој. Ако сакате сеир – побарајте ги да натерате да изберат една од две работи.
Шкорпија
Со висока самодоверба, ги интересира сè. Имаат свои ставови и воопшто не им е гајле што не се објективни. Но најлошо е што не знаат што е простување. Екстремно злобни и секогаш засегнати од нечиј проблем. Господ простува, а Шкорпијата не заборава.+.
Стрелец
Дали некогаш ќе порасне? Едвај! При тоа Стрелецот воопшто не знае што е тактичност. Со три зборови може да ти нанесе 10 навреди . Да не зборуваме за тоталниот недостаток на вкус. Комбинира апсурдни бои и во облеката, и во својот дом.
Јарец
Премногу резервиран, премногу пристрасен, студен, понекогаш директно суров . Јарецот секогаш оди по формулата на личниот интерес и тоа под мотото „целта ги оправдува средствата” . Многу ретко се забавува и е способен да го уништи расположението и на најлудото друштво.
Водолија
Водолиите не се практични луѓе. Ќе ги шутнат љубовта на својот живот, семејството, пријателите и апсолутно сè во името на својата слобода. Освен тоа, како што ти се насмевнува денес, утре ќе ти забие нож. Зошто? Па во нивната глава сигурно постои некоја апсурдна причина.
Риби
Фантазијата им е толку заплеткана што не знаат што е вистина, а што не. Често ветуваат повеќе отколку што можат да исполнат. Но најпознатите се по тоа што „никогаш не се виновни“! Сепак ќе најдат аргумент дека некој или нешто ги довело до оваа состојба. Одговорноста и знакот риби се едноставно некомпатибилни поими.И тука астрологија доаѓа на помош. Имено, секој знак си носи негативни особини . Да погледнеме кои се…
Овен
Тој се брза! Не стои