ОВА се најнездравите работи кои ги јадете за ручек!

Бројни јадења и намирници што ги бираме за ручек се нездрави. Освен тоа, тие не ни ја даваат потребната количина на енергија што ни е потребна за остатокот од денот, а поради состојките што ги содржат неретко не дебелеат.Сигурно повеќето од вас веќе знаат дека набројаните оброци се нездрави, но ние ви откриваме подетално зошто треба да ги избегнувате.
Хамбургер и компири
Месото со средна големина што го има во хамбургерот само по себе и не е толку страшно, но кога ќе го додадете пецивото, сланината, зачините, кашкавалот, пржените компоири, кечапот и мајонезот ќе внесете калории што не ви се потребни.
Ладен сендвич
Многу продавници и пекари продаваат подготвени сендвичи кои може да се чинат како лесен ручек. Сепак, повеќето од нив содржат нездрави конзерванси што овозможуваат сендвичите да изгледаат свежо во текот на денот. Содржат и нездрави масти, засладувачи и други додатоци.
Мафини
Повеќето мафини се направени од збогатено брашно, шеќер и путер – што не е здрава комбинација со оглед на тоа што белото брашно и шеќер имаат висок гликемиски индекс (скала за колку одреден тип на храна го крева нивото на шеќер во крвта во времетраење од 2 часовен период, во споредба со чистата глукоза).
Печени компири
Печените компири дефинитивно се поздрав избор од пржените. Меѓутоа, компирот има висок гликемиски индекс и ќе предизвика да се чувствувате уморно.
Пица
Пицата содржи и до 500 калории и 20 грама масти. Ако со пицата испиете и газиран сок, значително ќе го зголемите внесот на калории во организмот. Освен тоа, пицата содржи збогатено брашно што ќе предизвика да останете без енергија и продуктивност во текот на попладневните часови.Сигурно повеќето од вас веќе знаат дека набројаните оброци се нездрави, но ние ви откриваме подетално зошто треба да ги избегнувате.

Пронајдете не на следниве мрежи: